Темната енергија ја црпи темната материја?

0

Проценето е дека темната материја сочинува 27% од Универзумот и се опишува како основа која ги држи работите на место. Ново истражување укажува дека е можно количеството темна материја да опаѓа, како резултат на нејзиното конзумирање од страна на темната енергија. Доколку ова се покаже како точно, постојат сериозни импликации за иднината на Универзумот.

Темната енергија и темната материја не испуштаат, одбиваат, ниту апсорбираат светлина, што значи дека не можат да бидат директно детектирани со постоечката технологија, а со тоа создаваат потешкотии за испитувањето на нивната природа. Астрономите ги проучуваат овие концепти индиректно, со помош на структурата на Универзумот и забележливото гравитациско влијание врз материјата и радијацијата, кои можат да се детектираат и измерат.

„Ова истражување се однесува на фундаменталните својства на време-просторот. Во космички размери, се работи за Универзумот и неговата судбина. Доколку темната енергија се зголемува на сметка на темната материја, ќе завршиме со огромен, празен, досаден Универзум со скоро ништо во него“ – вели еден од авторите – „Темната материја нуди рамка за растење на структурите во Универзумот. Галаксиите кои ги гледаме се изградени врз таа основа и она што го гледаме со овие наоди укажува дека темната материја испарува, успорувајќи го растот на структурата.“

Пред скоро 20 години, откритието кое во 2011 година резултираше со Нобелова награда за физика, покажа дека ширењето на Универзумот не е константно, ниту пак успорува, туку напротив – тоа е забрзувачко. Се веруваше дека густината на темна енергија служи како „космолошка константа“ и вакуумот на просторот ја снабдува експанзивната сила. Со помош на извори, вклучувајќи го Sloan Digital Sky Survey, тимот ги спореди шемите на растење. Тие тврдат дека пронашле доказ дека темната енергија ја троши темната материја на начин кој не може да се објасни со постоечките модели. Количеството достапни податоци во моментов несомнено ги достигнува оние кои постоеле кога била создавана теоријата, а стандардниот модел едноставно не е сеопфатен. Тимот предложува дека темната енергија е во пораст преку размената со темна материја.

Не сите се целосно убедени дека оваа нова хипотеза – еден од нејзините критичари тврди дека моделот на ова истражување не вклучува никакви интеракции, а вакви упростени сценарија секогаш имаат проблем со вклопување со постоечките теории. Сепак, со оглед на мистериозната природа на темната енергија и темната материја, би било добро доколку оваа нова хипотеза се смета за напредок во ваквиот тип на истражување.

Превод: Марина Димовска

Извор: IFLScience

Сподели.