Телескопи

0

Телескопот е основниот астрономски инструмент. Тој ни овозможува многу подобро да ги набљудуваме слабите и ситни тела на небесната сфера отколку со голо око. Најважниот дел на секој телескоп е објективот. Тој ја создава сликата на небесните објекти во својот фокус. Кога телескопот се користи за фотографирање или пак за некои други врсти на инструментални набљудувања, фокусот е местото каде што се мести филмот на апаратот или пак влезниот отвор на инструментот. За да ние можеме да ја набљудуваме сликата на објектот која ни ја дава објективот, позади објективот мора да се стави окулар. Окуларот игра улога на зголемувач, имено тој во исто време ја зголемува сликата и максимално ја изострува.

Квалитетот на сликата зависи најмногу од објективот, па токму поради тоа и при описот на еден телескоп првата карактеристика која се запазува е токму објективот. Двете најважни карактеристики кај еден телескоп се дијаметарот и фокусната далечина. Многу често наместо фокусна далечина се наведува F бројот на објективот. F бројот во астрономијата исто како и во фотографијата се дефинира како однос помеѓу фокусната далечина и дијаметарот на објективот.

F = f / D

Тука со f е обележано фокусното растојание на објективот, а со D е обележан дијаметарот на обективот, уште се вика и апература. При решавање треба да се внимава на тоа f и D да се изразени во исти единици. Обично се користат милиметри или метри. Но во Америка и Англија се уште се користат инчи, при што:

1² = 25,4 mm

Фотографите не баш на ист начин ги означуваат своите објективи. Тие прво ја кажуваат фокусната далечина, а после тоа F бројот при што наместо со ²F/² тие обележуваат со ²1:², при тоа фотографите F бројот го нарекуваат бленда. Така на пример телескоп со објектив од 100 mm, и фокусна далечина од 500 mm, астроном би го опишал како 100 mm телескоп со F/ 5, а додека фотограф за истиот телескоп би рекол: телескоп 500 mm со објектив 1:5.

Според типот на објективот (слика 1) телескопите се делат на три вида: рефрактори, рефлектори и мешовити (катадиоптрички).

refraktor

Рефрактор е телескоп кој што како објектив користи една или повеќе леќи. Со нивно комбинирање, со растурни и собирни, се настојува да се намали аберацијата. За прв пат телескопот бил употребен од Галилео Галилеј во 1610 година и тоа било рефрактор.

refraktor 2

Обично и двете леќи се прават собирни. Но може како окулар да стои и растурна леќа, при што се става пред фокусот на објективот.

refraktor 3

Со цел да се добие поголемо зголемување, во тоа време астрономите граделе телескопи со подолги цевки за да може да имаат поголеми фокусни далечини. И се до Њутн подобрувањето кај телескопите се гледало само кај нивната должина. Њутн за прв пат ставил сферно огледало како објектив наместо леќа. Овие телескопи се викаат рефлектори.

reflektor

Првите рефлектори биле со метални огледала. Но корозирањето на сферната површина создавало многу проблеми. Подоцна со усовршувањето на производството на стакла металот бил заменет со стакло. Пронаоѓањето на техниката за посребрување на стаклото и за неговото брусење до сферна, параболична или елиптична површина довело до тоа телескопите да се усовршат до сегашната генерација на рефлектори со алуминизирани огледала. Рефлекторите користат и секундарно огледало. Кај обичниот Њутнов рефлектор тоа се става малку пред фокусот, за да може светлосните зраци да ги изведе под прав агол, надвор од цевката и да ги внесе во окуларниот дел. Кај Грегориевиот рефлектор во средината на сферното огледалло има отвор низ кој минуваат рефлектираните зраци од исто такво конкавно огледало (најчесто сфера или елипсоид), што се наоѓа на оптичката оска на објективот, но подалеку од неговиот фокус. Касегреновиот рефлектор пак е сличен на Грегориевиот, но секундарното огледало (конвексно) лежи пред фокусот на објективот. Овие два телескопа се телеобјективски системи, па затоа можат да имаат и мала должина, а големо фокусно растојание, што не е случај кај Галилеевиот рефрактор и кај Њутновиот рефлектор.

Мешаните или катадиоптрички телескопи имаат објективи кои се составени со комбинација на леќи и огледала. Конструкционата предност кај овие телескопи е што лесно се постигнува промена во фокусното растојание.

fokusno rastojanie 2 fokusno rastojanieОва се основните видови оптички телескопи со осна симетрија. На нив се додаваат филтри, коректори на полето, призми или решетки, камери и низа други дополнителни уреди и на тој начин се добиваат голем број различни комбинации на набљудувачки прибор. Така има телескопи корнографи кој служат за набљудување на Сончевата корона, спектрохелиографи – за фотографирање на Сонцето во определена бранова должина, магнетографи – го снима магнетното поле на Сонцето, куде-телескоп и.т.н.

Сподели.