Супернова на оддалеченост од 50 светлински години може да предизвика масовно изумирање

0

Оддалеченоста од која некоја супернова може да има влијание на животот на нашата планета е зголемена, така што истражувачите открија повеќе индикации за тоа како овие небесни експлозии влијаеле врз животот на Земјата.

Супернова на оддалеченост од 50 светлински години може да предизвика масовно изумирање

Суперновата Касиопеја А се наоѓа на оддалеченост од 10.000 светлински години од Земјата. Заслуги: NASA/JPL-CALTECH/STSCI/CXC/SAO

Минатата година, истражувачите го открија глобалниот ефект на ладење, кој бил предизвикан од блиска супернова. Сега, различен тим ги префинил мерењата, преполовувајќи го растојанието на експлозијата која настанала пред 2,6 милиони години. Нивното дело е прифатено за објава во списанието Astrophysical Journal.

Веќе има повеќе докази за таа супернова, иако пресметките за време поминато не се прецизни, но најважна е оддалеченоста. Оваа пресметка е направена заради подобрувањето на поранешни пресметки. Новите пресметки ги преполовуваат поранешните, така што таа супернова се случила на отприлика 150 светлински години од нас.

Исто така, се правеле и пресметки за „смртната зона“ на супернови (максималната оддалеченост за ефектите на суперновата да почнат да го уништуваат живот на нашата планета. Досега најдобрата пресметка била 25 светлински години, но биле заоставени одредени ефекти при пресметките и сега најдобрата пресметка е 50 светлински години, што значи дека супернова на 150 светлински години би имала некакви ефекти, но не доволно за да предизвика масовно изумирање.

Суперновите емитуваат силна светлина, неутрина и високо енергетски честички (космички бранови). Космичките бранови можат лесно да ја поминат Земјината атмосфера, ако имаат блиско потекло. На оддалеченост од 150 светлински години, зрачењето би било еквивалентно на неколку КТ скенови на година. Тоа не е смртоносна доза, но доволна за да се зголеми појавата на рак кај животните.

Космичките зраци се исто така одговорни за зголемено јонизирање на атмосферата, доведувајќи до повеќе грмотевици и диви огништа, што можело да биде причината за губење на шуми во Африка пред неколку милиони години. Распространетите ефекти на космичките бранови укажуваат дека суперновите се опасни и на релативно безбедни оддалечености. Најблиската ѕвезда до Земјата која може да експлодира е Бетелгејз, и таа, за среќа, се наоѓа на оддалеченост од 600 светлински години.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFL Science

Сподели.