Судирот на  црините дупки на Андромеда и Млечниот Пат

0

Супермасивните црни дупки во центрите на галаксиите Млечен  Пат и Андромеда ќе се сретнат во судбоносниот космолошки танц. Астрономите долго време знаат дека Андромеда евентуално ќе се судри со нашата галаксија. Тие ќе коалесцираат во една џиновска елиптична галаксија за околу 10 милијарди години. Со тоа централните црни дупки ќе започнат да ротираат една околу друга пред да се судрат 17 милиони години подоцна, вели група на истражувачи во труд објавен на 22 Февруари на arXiv.org, како и во уште еден труд објавен пред тоа во “Astronomy&Astrophysics”. Пред самиот судир тие ќе создадат гравитациони бранови со моќ  1018  во однос на Сонцето. Било која цивилизација во опсег од 3,25 милиони светлосни години што може да детектира гравитациони бранови, барем колку ние денес, ќе може да го забележи судирот.

м31

Галаксија Андромеда ќе се судри со нашата галаксија Млечен пат и процесот на формирање на нова галаксија ќе заврши за околу 10 милијарди години, што е малку побрзо од претходните пресметки. Заслуги: DAVID (DEDDY) DAYAG/WIKIMEDIA COMMONS (CC-BY-SA-4.0)

„Најновите податоци сугерираат дека Андромеда се доближува со 116  km/s“, вели Рикардо Шиави од универзитетот “Sapienza” во Рим. Користејќи компјутерски симулации кои ги земаат предвид и меѓусебните гравитациски влијанија на двете спирални галаксии, како и можното присуство на гас и друга материја меѓу нив, Шиави и неговите колеги предидуваат како ќе се одигра оваа галактичка колизија.

Досегашните симулации сугерираа дека Андромеда и Млечниот Пат ќе се судрат за од 4 до 5 милијарди години од сега. Новите истражувања претпоставуваат дека двете ѕвездени групи ќе минат близу една до друга за околу 4,3 милијарди години, додека целосното спојување ќе се случи 6 милијарди години подоцна.

Претпоставките за датумот на конечното спојување на двете галаксии „е малце поодамна во однос на оној на другите тимови“ вели Роеланд ван дер Марел, астроном при научниот институт за вселенска телескопија во Балтимор кој не е дел од истражувањето. Сепак според него тоа може да е поради несигурноста во мерењето на брзината на Андромеда на небото.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор:sciencenews.org

Сподели.