LIGO детектира гравитациски бранови со потекло од неутронски ѕвезди кои се судираат

0

Пред околу 500 милиони години две мали неверојатно густи ѕвезди се судриле. Оваа година го почуствуваме овој судир на Земјата. За детекцијата на гравитациските бранови предизвикани од судирот по втор пат повторно се одговорни најосетливите прецизни иструменти на Земјата при Напредната Ласерска Интерферометарска Обсерваторија за Гравитациски бранови – LIGO. Австралискиот астрофизичар Сузан Скот која е дел од научната соработка при LIGO кажа дека сигналот бил многу јасен. Но астрономите сеуште не одредиле од каде точно доаѓаат овие бранови во простор-времето.

Ligo ogledadaДетекцијата се случи само две недели по вклучувањето на LIGO во Април по изведбата на надградби за подобрување на прецизноста и опсегот на детекција давајки им на научниците надеж дека овие набљудувања, кои се исполнети со информации кои ќе ни помогнат да ги разбереме едни од најголемите мистерии на универзумот, ќе станат почести.

„Беше неверојатно возбудливо да се добие уште една детекција толку брзо – во третото набљудување само после неколку недели. За предходната детекција беше потребна година набљудување.“ вели професорката Скот од Австралисиот Национален Универзитет.

Еден ден по детекцијата на судирот бил детектиран и друг сигнал кој е помалку сигурен но доколку се потврди ќе биде уште позначаен: проголтувањето на неутронска ѕвезда од страна на црна дупка на оддалеченост од околу 1,2 милијарди светлосни години. „Унверзумот не држни на нозе“ вели Патрик Бранди од научната соработка при LIGO. „Особено сме љубопитни околу кандидатот од 26 Април. За жал сигналот беше слаб. Како да слушаш како некој шепоти некој збор во полно кафуле, тешко е да се разбере зборот или да се биде сигурен дека некој воопшто прошепотел. Ќе ни треба некое време да стигнеме до заклучок за овој кандидат.“

Професорката Скот се надева дека сигналот ќе биде потврден. „Најверојатно ќе бидат потребни месеци за целосно да се анализира што се случува и на крајот можеби сепак нема да знаеме што е точно. Секако очекувавме да детектираме еден од овие судири но очекувавме да бидат малку поретеки во однос на оние кај двојните неутронски ѕвезди и црни дупки.“ Низ Април LIGO детектираше уште три сигнали од судири на црни дупки.

Гравитационите бранови настануваат при забрзувањето на два масивни објекти при спиралното движење пред нивниот судир. Движејки се со брзина на светлината овие бранови се толку мали што најголемите меѓу нив би предизвикале пореметување од само дел од атом овде на Земјата. Напредната LIGO се состои од два детектори оддалечени 3000 km во САД кои детектираат минимални движења користејки ласерски зраци кои минуваат низ цевки поставени под прав агол.

Во 2015 за прв пат LIGO детектираше гравитациони бранови создадени од две црни дупки.  Трет помалку осетлив детектор под името Virgo се наоѓа во Италија. Трите детектори заедно може да ја одредат поточно насоката од која доаѓаат брановите. Кога првиот судир на неутронски ѕвезди беше дететкиран во 2017  астрономите веднаш се фатија за оптичките и радио телескопите низ светот за да го одредат изворот. Но минатата недела при вотрата таква детекција одредувањето на локацијата на изворот беше многу потешка бидејки еден од детекторите на LIGO бил исклучен. Професорката Скот била дел од напорот да се одреди изворот на брановите користејки го SkyMapper телескопот на Австралискиот Национален Универзитет во соработка со други научници и телескопи низ светот. „Потрагата на сите овие телескопи низ светот кој се обидоа да го идентификуваат изворот беше многу многу тешка поради тоа што требаше да се набљудува четвртина од небото.“ вели професорката Скот. „Сеуште не можеме да го најдеме вистинскиот извор на тој сигнал во универзумот. Знаеме дека се случи но незнаеме каде.“

Кога ќе се судрат две неутронски ѕвезди не создаваат само гравитациони бранови. Се исфрла и големо количество електромагнетни бранови. Користејки го телескопот SkyMapper професорката СКот и нејзиниот тим одредиле два најверојатни кандидати за извор – но евентуално откриле дека не гледале во светлина од судирот туку наместо тоа откриле две нови супернови. „Би сакале да се закачиме на изворот сега со цел да го сликаме со оптички телескопи за да дознаеме нови информации во однос на овие судири.“ вели професорката Скот.

Два супер густи објекти кои се судираат на далечина од 4750 милион трилиони километри е драматичен настан но исто така има и импликации за животот на Земјата, како и за нашето разбирање на универзумот, вели професорката Скот. „Од првиот таков судир откривме како тешките елементи во универзумот како златото и платината настанвуаат. Сеуште има многу работи кои не ги знаеме за Универзумот за чие разбирање гравитациските бранови представуваат најдобар механизам. Затоа ова е знак на повторно возбудливо време кога повторно правиме досега непознати откритија со помош на детекторите за гравитациски бранови.“

ligoСпоред Давид Реитце извршниот директор на LIGO најновото набљудување е највозбудливо досега. „Веќе ги гледаме првите знаци на црна дупка која голта неутронска ѕвезда. Ако ова се докаже ова ќе биде тројно достигнување за LIGO и Virgo – за три години ќе го имаме набљудувано секој вид на судир на црна дупки и неутронски ѕвезди. Но, научивме дека тврдењата за детекции бараат огромно количество на работа – проверки и повторни проверки – затоа ќе мораме да видиме каде податоците ќе не понесат.“

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: abc.net.au

Сподели.