Стотина милијарди кафени џуџиња се кријат низ Млечниот Пат

0

Во нашата галаксија се кријат уште куп непознати работи. Неутрина, темна материја, црни дупки. Познато ни е нивното постоење иако ги немаме видено. Според едно ново истражување, низ галаксијата има уште стотина милијарди кафени џуџиња кои се сè уште неоткриени.

Стотина милијарди кафени џуџиња се кријат низ Млечниот Пат

Уметнички приказ на кафено џуџе. Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Меѓународен тим од научници е во потрага по кафени џуџуња (објекти кои не успеале да се развијат во ѕвезди и се многу бледи). Тимот се фокусирал во регионот NGC 1333, наоѓалиште на ѕвезди на околу 1000 светлински години од нас. Откриле дека околу половина од објектите во регионот се всушност кафени џуџиња, а останатите се ѕвезди. Ова е двојно поголема бројка од дотогашните очекувања.

Истражувањето беше презентирано изминатата недела на Националото астрономоско собрание во Велика Британија. Овој регион бил само една од целите на истражување, а истите резултати се добиени и кај јатото RCV 38, во соѕвездието Едро (Vela). Ова ѕвездено јато се разликува по тоа што се состои од многу помасивни ѕвезди и е мошне подалеку, на околу 5500 светлински години од нас. Набљудувањата се направени со помош на VLT (Very Large Telescope). Научниците велат дека без разлика на типот на регионот, кафеавите џуџиња насекаде имаат многу сличности. Според статистичките процени, моментално во Млечниот Пат постојат од 25 – 100 милијарди кафеави џуџиња. Оваа бројка може да биде и значително поголема со оглед на тоа што многу од кафеавите џуџиња се со помали димензии од оние откриени во истражувањето.

Кафените џуџиња се објекти од водород кои немаат доволно маса за да започнат нуклеарна фузија, односно да станат ѕвезди. Годинава научниците успеаа да дадат поконкретни мерки, односно ако објектот е 70 пати полесен од Јупитер и поладен за 1300°C тогаш станува збор за кафеаво џуџе кое никогаш нема да премине во фазата ѕвезда.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.