„Стар Трек“ базираниот говорен преведувач на Микрософт ќе биде достапен пред крајот на 2014 година

0
Стар Трек базиран Универзален Преведувач не е далеку од реалност, според Микрософт. Заслуги: Колекција Еверет/Рекс

Стар Трек базиран Универзален Преведувач не е далеку од реалност, според Микрософт. Заслуги: Колекција Еверет/Рекс

Мисиите од типот за потрагата на нов живот и нови цивилизации, од страна на Капетан Кирк и екипажот на вселенскиот брод Ентерпрајз, несомнено е дека ќе беа невозможни без универзалниот преведувач за справување со новооткриените јазици. За среќа на жителите од 23-иот век, Микрософт започнал со работа, за оваа алатка да биде реалност два века порано.

Микрософт ја покажа новата услуга за Скајп, која разбира говорени зборови и истите ги преведува во друг јазик, при што преводот е извршен во реално време. Скајп преведувачот (Skype Translator), ќе биде подготвен за Windows 8 пред крајот на оваа година, после 15 годишно истражување. Додатно, Микрософт планира да овозможи користење на овој сервис и на други платформи.

Гурдеп Пал, заменик претседателот на Скајп и Линк во Микрософт, вели дека Скајп отсекогаш откриваал и надминувал граници. Очигледно е дека јазичната граница е голема и отсекогаш претставувала пречка за продуктивност и човечкото поврзување. „Скајп преведувачот ни помага кон надминување на оваа пречка. Оваа услуга ќе овозможи ефикасна комуникација меѓу било кој, надминувајќи ги јазичните бариери“ вели Пал.

Пал ја демонстрирал оваа технологија за време на Код конференцијата во Калифорнија, прикажувајќи превод во реално време на Скајп видео разговор со колега од Германија.

Пал говорел на англиски јазик, овозможувајќи на системот за преведување да го претвори неговиот говор во германски изговор, додека истовремено говорениот германски јазик од страна на колегата е преведуван за Пал и публиката.

Системот направил само неколку ситни грешки за време на три минутниот разговор, демонстрирајќи ги новите напредни техники за распознавање и детекција на шема на зборови имплементирани од Микрософт, после претходната демонстрација, која била одржана во Кина пред 2 години.

„Иако ова се почетоците на оваа технологија, сепак предвидувањето на Стар Трек за Универзалниот преведувач не е далеку од реалност и потенцијалот на оваа алатка е возбудлива и интересна исто како примероците од серијата“ вели Пал. Според него, Скајп преведувачот отвора голем број на можности преку кои ќе се овозможат значајни конекции на начини кои сега ги неамаме. Образовните, дипломатските, повеќејазичните фамилии и бизнис врските ќе добијат нов лик со оваа услуга.

Истражувањето поврзано со превод од страна на машини трае подолг период. Иако истражувањето поврзано со машината за преведување на Микрософт започнало пред 15 години, првични текстуални преводи, а потоа и гласовни, се присутни кај Microsoft Office и Windows уште од 2001 година.

Сатиа Надела, која е главен претставник на Микрософт, вели дека овој потфат не е само проста техника на препознавање на говор. Таа вели дека ова претставува нервна мрежа која ја создаваме и таа претставува модел кој е способен за препознавање на говор на „волшебни“ начини.

Нервна мрежа претставува компјутерски систем кој „учи“ како да распознава внесени вредности и соодветно да одговори, слично како група на неврони во мозокот.

Надела и останатите се возбудени од тоа како технологијата се развива, највеќе од аспектот што нервната мрежа го симулира човечкиот мозок.

„Најинтересниот аспект е учењето за пренос. Ако го учиме англискиот јазик, системот учи англиски. Доколку го учиме мандаринскиот, тој учи мандарински, но истовремено станува и подобар во знаењето на англискиот. Потоа учиме шпански и системот станува повешт со англискиот и мандаринскиот. Искрено засега никој не знае зошто е тоа така“ вели Надела.

Скајп преведувачот може да биде услугата која ќе ги надмине конкурентните услуги за комуникација и поврзување.

Извор: The Guardian

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.