Среќен ден на астероидите!

0

На денешен ден (30-ти јуни), пред точно 108 години, огромен објект удри во близина на реката Поткамена Тунгуска на Сибир, предизвикувајќи моќна експлозија. На годишнината на овој настан, кој организаторите го нарекуваат најголем удар во блиската историја, истражувачите низ целиот свет се собираат за да дискутираат за астероидите и како да се подготват за големите удари кои следуваат.

Првиот Ден на астероидите (Asteroid Day) беше прославен минатата година на овој датум. Годинава, во низа настани кои се пренесуваат јавно, истражувачите ќе разговараат за историјата на удари од астероиди, моменталната состојба на истражувањето на астероиди блиски на Земјата (near-Earth asteroids) и заканата која ја претставуваат за Земјата, како и за тоа што човештвото може да направи во врска со овие закани.

За повеќе информации и пренос во живо на настаните по повод овој ден, посетете ја официјалната страна на Денот на астеоридите.

Извор: Space

Превод: Марина Димовска

Сподели.