Според научниците златната плоча можеби и го нема посакуваниот ефект

0

Визуелна страна на златната плоча на НАСА е доволно збунувачка. Звуците на другата страна најверојатно ќе ги трупаат вонземјаните уште повеќе. Заслуги: КАТИЕ

Еден од првите напори на човекот да комуницира со вонземски видови, наречен златна плоча (Golden record), според двајца истражувачи удира на погрешна нота, со веројатност повеќе да создаде забуна отколку да не претстави. Кога НАСА ги прати Војаџер 1 и 2 во вселената, тие со себе носеа инструменти за да ги проучуваат гасовитите џинови зад астероидниот појас. Исто така секој од нив носеше златна плоча (диск) кое би можело да биде пуштено од било кој вонземски вид, кој ќе ги пронајде овие летала како талкаат во длабочините на вселената, кое ќе им каже нешто за Земјата и оние (луѓето) кои ја населуваат.

За жал нашето непознавање на приемниците го закопува нашиот капацитет да комуницираме. Тие можеби користат фреквенции далеку над или под оние кои што ние ги користиме, или пак воопшто да не комуницираат со звук, што ја закопува вредноста на ЦД-то кое што пак вклучува луѓе кои кажуваат здраво на 55 јазици.

Сепак, па дури и ако пронаоѓачите на леталата, наликуваат на нас доволно за да можат да го ислушаат дискот, Др. Шери Велс-Џенсен и студентката Ребека Орчард од Боулинг Грин Стејт Универзитетсметаат дека ќе изврши многу мала и сиромашна работа во нашето претставување.

Велс – Џенсен е член на управниот одбор на Комуницирање со вонземска интелегенција (Messaging Extraterrestrial Intelligence – METI), паралелен проект на попознатиот Потрага по Вонземска Интелегенција (Search for Extraterrestrial Intelligence-SETI) кои што разработуваат како да станеме достапни за вонземјаните да можат комплетно да не разберат. Таа е пионерка во полето на вонземска лингвистика, барајќи карактеристики кои ние може да го очекуваме кај вонземските јазици.

Зборувајќи на интернационалната конференција за развивање во Вселената (Space Development) во Лос Анџелес, Џенсен и Орчард расправаа дека вонземските јазици измешани со звуци на човечки чекори, звукот на китови, смеата на Карл Саган и електрична музика имаат недостиг на граматичка конфигурација и затоа би можело да дојде до непријателска расправија, а не гласови на мир. Звуците не одговараат на приложените дружељубиви слики.

“Златната плоча е убав артефакт и приказ за тоа како луѓето сакаат да се гледаат себеси, но е направено да биде примено и интерпретирано од сензорните способности на просечен човек.” – Вели Оркхард. “Ако едно од овие сетила е отсутно, или пак постои сосем ново и комплетно различно сетило, тогаш златната плоча станува малку збунувачка.”

Најверојатно не е важно за леталата за кои постои многу мала веројатнност дека некогаш ќе бидат најдени, но ако сакаме идните комуникации да имаат влијание и ефект, мора да размислуваме за искуствата на корисникот.

Други разговори на сесијата за вонземскка лингвистика го дискутираа степенот до кој “универзалната граматика”, карактеристики кои преовладуваат во сите човечки и светски јазици идентификувани од лингвистичарот Ноам Чомски, може да опстојат во вонземските јазици.

Претседателот на МЕТИ Др. Даглас Вакоч (Dr. Douglas Vakoch) вели дека разговорите со сигурност означуваат промена, зголемувајќи ја поддршката за идејата дека вонземските јазици можеби споделуваат некои граматички карактеристики кои се приутни во нашата лингвистика наместо тоа математиката и науката да бидат нашите единствени универзални јазици.

Превод: Анастасија Младеновска

Извор: IFLScience

Сподели.