На Месечината можеби и требале само неколку часа да се формира. Научниците долго време мислеа дека Месечината се создала бавно од остатоците од судирот на Земјата и Теја- протопланета со големина на Марс. Но нови модели направени со суперкомпјутери сугерираат дека Месечината се создала многу побрзо.
Научниците ја добија првата претстава за создавањето на Месечината преку камењата од Месечевата прашина донесени од Аполо 11.
Материјалите донесени се датираат на околу 4,5 милијарди години или околу 150 милиони години после создавањето на сончевиот систем.
Доказите за создавањето на Месечината го вклучуваат: сличниот состав на карпите, земјината ротација и Месечевата орбита имаат слична ротација, и постоењето на дискови со прашина и на други места во сончевиот систем.
Општо прифатената теорија е дека Теја се удрила во Земјата, притоа распаѓајќи се на безброј парчиња, кои заедно со кората од нашата Земја останале во орбита каде после милиони години гравитациски се поврзале за да ја создадат Месечината. Но прашањето е, ако Месечината е воглавно создадена од Теја зошто повеќето камења имаат карактеристики дека потекнуваат од Земјата?
Некои научници посочуваат дека можеби ударот едноставно откорнал само повеќе материјал од Земјата. Но таква Месечина би имала многу поразлична орбита од сегашната.
Користејќи модел со 100 пати поголема резолуција од досегашните, научниците открија дека Месечината веројатно се создала за само неколку часа, со што одговрија и на прашањето за орбитата на Месечината но и за нејзинато стопена обвивка.
Но научниците ќе мора да ги почекаат примероците кои ќе бидат собрани од Артемис програмата како и примероците од внатрешноста на Месечината, за да ја потврдат својата теорија.
„Колку повеќе учиме за тоа како настанала Месечината, толку повеќе откриваме за еволуцијата на нашата сопствена Земја“, рече во изјавата коавторот на студијата Винсент Еке, вонреден професор по физика на Универзитетот во Дурам. „Нивните истории се испреплетени“
Превод: Христијан Петрески
Извор: sciencealert.com