Сончево хало сликано од Маврово

0

Овој викенд во Маврово фативме на фотографија еден интересен оптички феномен: хало околу Сончевиот диск.

Сончево хало сликано од Маврово

22° хало околу Сонцето сликано на 12 април 2015 година од Маврово. Авторски права: Софија Спировска

Халото околу Сонцето, исто како она што се формира околу Месечината, е резултат на високи цирусни облаци на небото. Овие облаци содржат милиони мали кристали кои истовремено ја прекршуваат и ја рефлектираат светлината.

Иако е невообичаен феномен, халото може да се забележи дури 100 дена во годината, многу почесто отколку виножито. Хало околу Сонцето сликано на 12 април 2015 година од Маврово. Авторски права: Софија Спировска

Иако е невообичаен феномен, халото може да се забележи дури 100 дена во годината, многу почесто отколку виножитото. Хало околу Сонцето сликано на 12 април 2015 година од Маврово. Авторски права: Софија Спировска

Овој феномен се нарекува и 22° хало, бидејќи формира круг со радиус од приближно 22° околу Сонцето или Месечината.

Прочитајте повеќе тука.

Текст: Софија Спировска

Сподели.