Сте се запрашале ли како изгледа Сончевиот систем прикажан во точни пропорции? Благодарение на неверојатното видео подолу, сега можете да дознаете.
Сликите од нашиот Сончев систем често ги прикажуваат планетите како блиски една до друга, но тоа е далеку од вистината. На видеото погоре, направено од Алекс Горош (Alex Gorosh) и Вајли Оверстрит (Wylie Overstreet), тие објаснуваат дека доколку сакате точни претстави на планетите, поголеми од микроскопско ниво, морате да изработите навистина голем модел.
„За да изработите модел со точни пропорции, пришто Земјата ќе биде со големина на џамлија, потребни ви се 11 километри празен простор,“ објаснува Оверстрит на видеото.
За да го направи токму она за кое зборува, тимот се смести во пустината Блек Рок (Black Rock Desert) во Невада. Тие ги обележаа орбитите на осумте планети околу Сонцето, а потоа изработија тајмлапс видео од автомобилските светла кои поминуваат по овие орбити.
Резултатот е навистина фантастична претстава на тоа како изгледа Сончевиот систем прикажан во точни размери, укажувајќи на тоа колку, всушност, е голем празниот простор помеѓу објектите, и колку е малечка нашата сина планета.
Еве го фасцинантниот видео-запис:
Превод: Марина Димовска
Извор: IFL Science