Симулации покажуваат дека Меркур можел да биде жртва на удри-и-бегај судир

0
planetmercur

Нови симулации покажуваат дека Меркур и други необично богати со метал објекти може да се остатоци од удри-и-бегај судири во раниот Сончев систем. Заслуги: НАСА/ЈПЛ/Калтек

Пар истражувачи со Државниот Универзитет во Аризона креирале компјутерски симулации кои покажуваат дека Меркур може да има релативно големо метално јадро бидејќи бил жртва на удри-и-бегај судир со друга прото-планета – судир кој завршил со одлепувањето на неговата неметална покривка од поголемо тело. Во нивниот научен труд објавен во списанието Природа Геонаука, Ерик Асфагус и Андреас Ројфер опишуваат како испробале многу компјутерски симулации дизајнирани подобро да се разбере формација на планети во нашиот соларен систем, и открија дека во баш точни услови, лизгачки судир меѓу прото-Меркур и друга протопланета можело да доведе до сегашниот состав на Меркур.

Меркур, како што секое дете-ученик знае, е најблиската планета до Сонцето во нашиот Сончев систем. Исто така, тој претставува аномалија бидејќи неговото јадро има 60% проценти од неговата маса (за разлика од 30% за Марс, Венера и Земјата). Научници имаат предложено теории за да се објасни таквото несекојдневие, најчесто предложувајќи дека се случил некој вид судир. Нормален судир се карактеризира со губење на полесни елементи, па затоа такви теории тешко функционираат. За подобро да се разбере што се случило, Асфагус и Ројфер симулираа судири меѓу прото-Меркур со планети од различни големини на различни брзини и агли. Најдоа дека доколку планета со големината на модерната Земја се судрила со прото-Меркур на точен агол и брзина, би било возможно прото-Меркур да изгуби голема порција од неговата покривка бидејќи би била одлепена. Понатаму укажуваат дека таков судир не би довел до тоа прото-Меркур да биде заглавен во гравитацијата на поголемата планета, ефективно претворувајќи ја во месечина. Исто така, тие укажуваат дека ваков удар би предизвикал доста од материјалите кои излетале од планетата да се вратат правејќи ја побогата со метали од пред судирот.

Симулации, се разбира, не можат да докажат што се случило, особено кога се користат да се опишат теоретски случки пред толку долго време, но бидејќи се основани на сегашни познати факти како сегашната состојба на планети во нашиот Сончев систем и информации од вселенски летала како МЕСЕНЏЕР кои се вратија во орбита на Меркур во 2012, можат да им понудат на научниците реалистични опции за земање предвид кога се изучува планетарната еволуција.

Превод: Јован Милосковски

Извор: phys.org

Сподели.