Што се крие во внатрешноста на Церера?

0
Што се крие во внатрешноста на Церера?

Дијаграм на кој е прикажана внатрешноста на Церера, направен со податоци од мисијата на НАСА за испитување на гравитациското поле на планетата. Имено, станува збор за познатата џуџеста планета која се наоѓа во астероидниот појас од нашиот систем. Извор: NASA

Леталото на НАСА, Зора (Dawn) ни испрати илјадници фотографии од Церера, но за да се испита и нејзината внатрешност научниците ја зеле предвид нејзината гравитација, употребувајќи податоци за самото движење на леталото, односно влијанието на гравитациската сила врз нивните орбити. Со помош на мапирање на варијациите во гравитација на Церера, научниците успеале да добијат претстава за внатрешноста на планетата. Според податоците, станува збор за слаба структура, каде водата и другите лесни материи се делумно одделени од карпите уште од фазата на загревање во далечното минато.

Гравитациското поле беше измерено преку мониторинг на испратените радио сигнали до леталото кои потоа се враќаат назад кон Deep Space Network. Станува збор за збир од три големи антени лоцирани низ планетата, кои комуницираат со леталото. Со оваа метода, научниците можат да ја измерат брзината на леталото со огромна прецизност, до 0.1 милиметар на секунда и потоа да го пресметаат детално гравитациското поле.

Најцврстите делови се наоѓаат во јадрото на планетата, а потоа следуваат слоеви со различна структура. Планетата е со мошне помала густина од онаа на Земјата, Месечината и многу други карпести тела во нашиот систем. Со оваа мисија научниците можат да истражат повеќе за минатото на планетата. Се претпоставува дека водата била присутна и се движела потповршински во праисторијата. Водата со сигурност била во интеракција со карпите, па така можеби ќе се потврдат теориите за нејзината комплексна термална историја.

 За детален извештај: http://dawn.jpl.nasa.gov/mission

Заслуги: Михаела Стојанова

Извор: NASA

Сподели.