Кога се наоѓате внатре во нешто, тешко е да се види неговата форма. Ние сѐ уште дознаваме нови нешта за формата на нашата галаксија.
Формата на универзумот? Тоа е многу потешко да се измери, но податоци соберени преку многугодишни набљудувања, космолошки модели и физиката сугерираат дека е таа е рамна. Доколку испратите зрак на фотони низ празнината, тие само ќе продолжат да се движат во права линија.
Нова студија сугерира нешто поразлично. Според податоци објавени минатата година од Планк сателитот на Европската Вселенска Агенција, астрономите презентираа претпоставка дека Универзумот е закривен и затворен, навидум како издишната топка.
Тоа би значело дека зрак од фотони евентуално би се вратил назад од местото кај што започнал, пресекувајќи се со други зраци со кои би останал паралелен во случајот на рамен Универзум.
Ова би било големо откритие. Според интернационалниот тим на астрономи, предводен од Елеонора Ди Валентино од Манчестер универзитетот во Обединетото Кралство, нивното откритие претставува „космолошка криза“ што побарува „драстично преиспитување на моменталниот модел на космолошка согласност“.
Според нив, показател за закривеноста на Универзумот е начинот на кој гравитацијата ја искривува патеката на светлината, ефект предвиден од Ајнштајн, наречен гравитациони леќи.
Не било која светлина, туку космичката микробранова позадина (cosmic microwave background – CMB). Toa e остатокот од електромагнетното зрачење во вселената кое се наоѓа помеѓу ѕвездите и галаксиите и датира околу 380 000 после Големиот Прскот, односно периодот кога се формирале првите неутрални атоми во универзумот.
Откако ќе ги блокирате сите други извори на светлина, вселената сјае, навистина слабо, еден вид на статичка позадина. Тоа е најстарата светлина во Универзумот.
Доколку се разгледаат податоците од Планк сателитот, особено оние од 2018та година, се забележува дека CMB е гравитациски поискривена од што би требало. Оваа аномалија е наречена Alens и иако сѐ уште не е разрешена, тимот верува дека едно од објаснувањата е самата форма на универзумот.
Тие напишаа: „Затворен Универзум може да обезбеди физичко објаснување за овој ефект, со Планковиот космички спектар на микробранова позадина кој сега преферира позитивно искривување со ниво на доверливост над 99%“.
Овде, ние дополнително ги испитуваме доказите за затворен универзум од Планк, покажувајќи дека позитивното искривување природно ја објаснува аномалната амплитуда на закривување“.
Закривен универзум може да ја објасни оваа аномалија, но постојат неколку големи проблеми. Ниту еднин досегашни податоци не можат да заклучат и докажат дека нашите космолошки модели се точни – вклучувајќи го оној за рамен Универзум.
Постојат и други проблеми кои тимот ги има наведено во нивната студија. Една од нив е Хабловата Константа, степенот со кој Универзумот се шири, добро познат космолошки проблем. Не постојат две усогласени мерења за Хабловата Константа, а закривен Универзум би го направил нејзиното предвидување уште потешко.
Податоците од истражувањата за барионска акустична осцилација на темната енергија, непознатата енергија што го забрзува проширувањето на Универзумот, исто така не се во согласност со затворениот модел.
Постои уште една нова статија која сугерира дека Alens дискрепанцата е всушност неточност во податоците, но истата треба да биде дополнително разгледана.
Астрофизичарите Џорџ Ефстатиоу и Стивен Гратон од Универзитетот во Кембриџ исто така ги имаат анализирано податоците од Планк сателитот во 2018та и забележале докази за закривеност, но кога ги споредиле со претходни податочни множества и податоци за барионската акустична осцилација, нашле „силни докази да го поддржат тврдењето за просторно рамен Универзум“.
Значи, општо кажано, голем дел од податоците се го поддржуваат рамниот Универзум, освен оние од аномалијата Alens . И ние не знаеме дали разликата помеѓу него и сите други мерења е всушност значајна или е резултат на човечка грешка.
Тоа е проблем што треба да се разреши, но засега постои веројатност дека тоа е невозможно.„Потребни се дополнителни мерења за да се разјасни дали набудуваните несогласувања се резултат на неоткриена систематика или на нова физика, или едноставно се статистичка флуктуација“, напишаа истражувачите во својот труд.
Истражувањето е објавено во Nature Astronomy.
Превод: Даница Ѓорѓевска