Ѕвезден систем во близина е домаќин на првата планета со големина на Земјата откриена од сателитот на НАСА за транзитни екзопланети, како и планетата со големина на Нептун, според новата статија од тим астрономи, меѓу кои и Јохана Теск, Пол Батлер, Стив Шекман, Џеф Крејн и Шарон Ванг од Институтот за наука Карнеги.Нивниот труд е објавен во Списание за Астрофизички Вести.
“Тоа е толку возбудливо затоа што сателитот за истажување на транзитни егзопланети, кој започна да работи пред само една година, веќе ни го олесни бизнисот за лов на планети”, рече Теске, кој е коавтор на трудот. “Вселенското летало го истражува небото и соработуваме со заедницата на сателитот за истажување на транзитни егзопланети за да ги означи потенцијално интересните цели за дополнителни набљудувања користејќи телескопи и инструменти на Земјата”.
Една таква алатка, Спектраграф за откривање планети, на телескопот Магелан II во Обсерваторијата Ла Карпанас во Чиле, беше клучна компонента на овој напор. Тоа помогна да се потврди планетарната природа од сигналот од Сателитот за истражување на транзитни екзопланети и да се измери масата на новооткриената планета со големина на Нептун.
Спектографот за откривање планети, изграден од страна на Шектман и Крејн, користејќи метод создаден од Батлер и неговите соработници, работи користејќи ја техниката наречена метод на радијална брзина, кој во моментов е единствениот начин за астрономите да ги измерат масите на индивидуалните планети. Без да се познати масите, многу е тешко да се одреди густината на планетата или нејзиниот општ хемиски состав.
Овој метод го искористува фактот дека не само што гравитацијата на ѕвездата влијае на планетата што орбитира околу неа, но и гравитацијата на планетата, исто така, влијае на ѕвездата. Спектографот за откривање планети им овозможува на астрономите да ги детектираат овие ситни поместувања кои гравитацијата на планетата ги индуцира во орбитата на ѕвездата.
“Спектографот за откривање планети е еден од единствените инструменти во јужната хемисфера што може да направат вакви мерки”, додаде Теске. “Значи, тоа ќе биде многу важен дел од понатамошното карактеризирање на планетите пронајдени од мисијата на Сателитот за истражување на транзитни екзопланети”.
Со орбита која трае околу 36 дена, планетата голема колку Нептун, HD 21749b, има најдолг период на досега откриените од Сателитот за транзитни екзопланети. Поради техниката што ја користи овој сателит, се предвидува дека повеќето од планетите што ќе се пронајдат во оваа мисија ќе имаат орбитални периоди од помалку од 10 дена, па HD 21749b е необичен во овој поглед. Всушност, откривањето на планетата, го направи ова дополнителен предизвик за научниците.
“Имаше доста детективска работа, но вистинските луѓе беа таму во вистинско време”, рече водечкиот автор Дијана Драгомир од Институтот за астрофизика и вселенски истражувања “Кавли” на МИТ. “Но, бевме среќни и ги фативме сигналите, и тие беа навистина јасни”.
Неговата ѕвезда има околу 80 проценти од масата на нашето Сонце и се наоѓа на околу 53 светлосни години оддалечена од Земјата. HD 21749b има околу 23 пати поголема маса на Земјата и радиус од околу 2,7 пати повеќе од Земјата. Неговата густина покажува дека планетата има значителна атмосфера, но не е карпеста, така што потенцијално би можела да им помогне на астрономите да го разберат составот и еволуцијата на атмосферите на планетата што е голема колку Нептун.
Возбудливо, подолгиот период на планетата голема колку Нептун во овој систем, не е единствен. Нејзината соседна планета, HD 21749c, на која и требаат околу осум дена за да ја орбитира ѕвездата домаќин, е многу слична во големина со Земјата.
“Мерењето на точната маса и составот на една ваква мала планета ќе биде предизвик, но важно за споредување на HD 21749с со Земјата”, рече Ванг. “Тимот што работи на Спектографот за откривање планети продолжува да собира податоци од овој објект за оваа цел”.
Благодарение на Сателитот за транзитни екзопланети, астрономите за првпат ќе можат да ги измерат масите, атмосферските композиции и други својства на многу помали егзопланети. Иако малите егзопланети се чести во нашата галаксија, има уште многу да се научи за нивната разновидност и за тоа како тие се споредуваат со планетите во нашиот Сончев систем.
“За ѕвезди кои се многу блиски и многу светли, очекувавме да пронајдеме неколку планети со големина на Земјата”, рече Драгомир. “И ова е тоа – нашиот прв обид, и тоа со помош на Сателитот за истражување на транзитни екзопланети. Тој ќе ни помогне во наоѓањето на помали планети кои кружат околу мали ѕвезди, и тие планети можат да бидат погодни за живеење”.
Превод: Лазар Динев
Линк: phys.org