Розета со нов мозаик од фотографии од кометата

0
Розета со нов мозаик од фотографии од кометата

Мозаик од слики направени на 20 ноември. Извор: ESA/Rosetta/NAVCAM – CC BY-SA IGO 3.0

Овој мозаик е создаден од четири снимки направени со NAVCAM на околу 30.8 километри од центарот на кометата 67P/C-G. Резолуцијата е 2.6 метри/пиксел, што значи дека секоја од оргиналните (1024 x 1024 пиксели) мери околу 2.7 километри. Мозаикот е дополнително изменет, ротиран и исечен и изнесува околу 4.2 ⋅ 5.0 километри.

Поради нејзините ротација и преместувањеза време на правењето на снимките, изработката на мозаик од фотографии од кометата подразбира и компромиси и промени на деловите на снимките по вклопувањето на мозаикот.

Снимката ни покажува динамични исфлања на гас и прашина, како и мали млазови од вратот и заоблениот дел на кометата, со што се потврдува зголемената активност во споредба со средбите во август.

Истиот мозаик од првата фотографија, но со зголемен контраст и експозиција. Извор: ESA/Rosetta/NAVCAM – CC BY-SA IGO 3.0.

Превод: Миахела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.