Роверот на Марс, Curiosity, скрши камен и откри интересни работи

0

Кјуриосити живее на Марс повеќе од 12 години и оттаму неуморно работи во полза на науката. Некои од неговите откритија се очекувани, некои се случуваат по долго насочување и планирање, а некои сосема случајни. Такво случајно откритие роверот направи во Мај претходната година кога случајно скрши една карпа прегазувајќи ја со своите 899 килограми. Кршејќи се, карпата, откри жолта кристална структура од чист сулфур.

kjuriositi 1

Несреќа на Марс откри интересна содржина во на изглед досадна карпа

Иако сулфатите се вообичаени на Марс, ова е прв случај на пронаоѓање чист сулфур во елементарна форма. Пронајден е во каналот Гедиз Валис, област која изобилува со слични карпи, што укажува дека чистиот сулфур би можел да биде чест во овој регион.

кјуриосити 2

Гедиз Валис (Gediz Valliz) каналот опколен со територии богати со сулфати

Сулфатите се соли кои се формираат кога сулфурот, обично во сложена форма, се меша со други минерали во водата. Кога водата испарува, минералите се мешаат и се сушат, оставајќи ги сулфатите зад себе. Овие сулфатни минерали можат да ни кажат многу за Марс, како што е неговата историја на вода.

Чистиот сулфур, пак, се формира под многу специфични услови кои досега не се сметале за можни во овој дел на Марс.

кјуриосити 3

Сулфурот што роверот Curiosity го најде на Марс

Сулфурот е клучен елемент за животот, бидејќи се користи за синтеза на основни аминокиселини неопходни за создавање на протеини. Иако наодот не укажува на постоење живот, дополнително ги проширува сознанијата за корисни хемиски состојки што би можеле да ги користат организмите.

кјуриосити 4

Како роверот ја гледал Гедиз Валис (Gediz Valliz)

Curiosity продолжува со истражувањата во каналот Гедиз Валис, некогашна древна река чии карпи го носат отпечатокот на минатото пред милијарди години. Следниот чекор е анализа за тоа како овој чист сулфур се нашол на површината на Марс.

кјуриосити 5

Карпа слична на онаа што ја скрши роверот Curiosity, сликана 9 дена после откритието за сулфурот

кјуриосити 6

Жолтата линија е патот на Curiosity кон каналот Gediz Vallis

Скопско Астрономскo Друштво

Сподели.