Од што се состои кафено-портокаловата материја во атмосферата околу Титан? Тоа е прашање кое што научниците се обидуваа да го одговорат во врска со Сатурновата месечина веќе со декади (Карл Саган беше меѓу нив). Тоа е затоа што многу е тешко да го откриеш рецептот на нешто што веќе е зготвено.
Има стотици илјади јаглеводороди (молекули од јаглерод и водород) кои можат да формираат соединенија во атмосферата заедно со нитрилите (хемикалии богати со азот). Но, научниците се надеваат дека нивниот нов рецепт ќе се доближи поблиску до разбирање на тоа како функционира атмосферата.
Истражувачите пуштија гасови во комора и ги набљудуваа нивните реакции, започнувајќи со азот и метан- гасови кои се најчести во атмосферата на Титан. Потоа, вклучија бензен, којшто леталото Касини го детектираше во атмосферата, заедно со сродни хемикалии.
На крајот сепак се чинеше најдобро да се одбере и трета состојка, ароматик, еден вид на јаглеводород, којшто вклучува и азот. Тоа е затоа што научниците видоа дека спектарот на овој гас е сличен на она што Касини го забележа.
„Ова е најблиску што некој успеал да дојде, колку што ние знаеме, до пресоздавање преку лабораториски експерименти на одредена особина видена во податоците на Касини,“ изјави водечкиот автор Џошуа Сибри, поранешен пост-докторски соработник во Годард Центарот за вселенски летови на НАСА, кој сега е помошник-професор на Универзитетот на Северна Ајова во Седар Фалс.
Научниците велат дека на рецептот му требаат некои модификации, но дека сепак е добар почеток.
Превод: Лина Конеска
Извор: IFLS