Решена долгогодишната мистерија! Албирео не е бинарна ѕвезда

0

Една од моите омилени ѕвезди на небото е Албирео. Ја означува главата на лебедот во истоименото соѕвездие (лат. Cygnus), едно од најголемите и најсјајните соѕвездија на северното небо. Соѕвездието Лебед уште се нарекува и Северен Крст, затоа што петте најсјајни ѕвезди формираат изглед на буквата Т. Албирео се наоѓа на дното на крстот (лебедите имаат долг врат, па затоа, вертикалниот дел на крстот всушност ќе биде вратот на лебедот), уште наречена и Бета Лебед (Beta Cygni).

Причината поради која Албирео е мојата омилена ѕвезда е дека кога се гледа со голо око таа изгледа како една ѕвезда, но дури и со помал телескоп се воочува дека се работи за две ѕвезди. Тоа е прилично чест случај, но тоа што го двои Албирео се боите на ѕвездите: посветлата од двете (наречена Албирео А или Бета Лебед А) е жолтеникаво црвена, додека побледата (Албирео/Бета Лебед Б) е сафирно сина. Светкаат како накит и нивниот контраст е воодушевувачки. Заради тоа, во летните месеци тоа е едно од првите објекти што ги набљудувам навечер, посебно ако има и други луѓе со мене коишто никогаш го немаат видено тоа. Забавно е да се биде сведок на нивното воодушевување и да се слушне како ги опишуваат боите.

Албирео т.е. Бета Лебед, очигледна е разликата во боите. Заслуги: Том Вајлдонер

…но има уште. Двете ѕвезди се толку блиску една до друга на небото, што секој би се запрашал дали тие некако физички се поврзани една со друга. Делува невообичаено да случајно има две светли ѕвезди толку блиску една до друга на небото, но мерењата на нивната далечина ги сместува нив на повеќе од 300 светлосни години од Земјата; на таа далечина, нивната раздалеченост имплицира многу широка бинарност со орбита измерена во десетици или илјадници години. Ниту оваа хипотеза делува задоволително.

Има мистерија тука! Дали Албирео е бинарен систем составен од две ѕвезди кои орбитираат околу нивниот заеднички центар на маса или тоа е т.н. оптичка двојна ѕвезда, две ѕвезди без физички контакт меѓу нив, односно две ѕвезди кои изгледаат како да се блиску една до друга гледано од Земјата.

Ова прашање ме измачуваше буквално со декади, уште кога за првпат прочитав за Албирео и почнав да набљудувам во средношколските денови. Ова прашање ги има измачувано и други астрономи исто така; едно писмо адресирано до Астрономското Кралско Друштво од Канада од еден астроном ја поддржува идејата дека се работи за бинарна ѕвезда, а од друга страна не е воопшто тешко да се најдат статии кои што се сомневаат во ова.

Па, што е тогаш?

Задоволството е мое што може да кажам дека сега веќе имаме конечен одговор. Двете ѕвезди кои ја формираат Албирео не се физички поврзани. Се работи за оптички двојна ѕвезда, не бинарна.

широк поглед на соѕвездието Лебед уште наречен и Северен Крст. Албирео е ѕвездата во долниот десен дел на базата на крстот (главата на лебедот). Заслуги: Том Вајлдонер

Одговорот е добиен со помош на Гаја, вселенското летало на Европската вселенска агенција. Ваквата неверојатна мисија го бележи небето со зачудувачка прецизност, мерејќи ја локацијата на небото, движењето и боите на преку милијарда ѕвезди. Ова е важно! Како што Земјата орбитира околу Сонцето, нашиот видлив агол на ѕвездите се менува доста суптилно и ние го гледаме ова рефлектирано на небото како ѕвездите да прават многу малечки елипси во текот на година. Ова движење се нарекува паралакса и може да се искористи за наоѓање на далечината на ѕвездите!

Од податоците на Гаја за двете ѕвезди, дознав дека Албирео А (посјајната црвена ѕвезда) е 328 светлосни години оддалечена од Земјата, додека пак Албирео Б (побледата сина ѕвезда) е оддалечена 389 светлосни години.

Случајот е зтворен, нели? 70 светлосни години е преголема далечина, па тие не можат да бидат физички порзани.

Има уште! Изгледа дека Албирео А е доволно сјајна, па Гаја има потешкотии за нејзиното прецизно позиционирање и мерењата со помош на паралакса се прилично несигурни. Без да навлегуваме премногу во детали, изгледа дека паралаксата за ѕвездата А не е статистички поразлична од онаа на ѕвездата Б. Ѕвездата А лесно може да биде многу поблиску до ѕвездата Б. Паралаксата сама не дава сигурен одговор.

Она што ни дава сигурен одговор се всушност движењата на двете ѕвезди на небото. Како што ѕвездите орбитираат во нашата галаксија, изглед како да се движат многу бавно по ноќното небо во текот на време. Ова е наречено привидно движење и иако е мало, Гаја има доволно сензитивност за да го измери кај Албирео.

Уште еден поглед на оптички двојната ѕвезда Албирео во соѕвездието Лебед. Заслуги: Том Вајлдонер

Ако на пример двете ѕвезди се физички поврзани, орбитирајќи една до друга, тие би требало да имаат исто привидно движење на небото бидејќи би се движеле заедно низ вселената (при нивното разделување, секое движење во нивната заедничка орбита би било неверојатно мало и не би имало никаков ефект на привидното движење). Излегува дека всушност тие не се физички поврзани.

Ѕвездата А се движи со брзина од 16,66 милиарксекунди на година на југ од југоисток, додека пак ѕвездата Б се движи со брзина од 1,13 милиарксекунди на година на запад од југозапад. Несигурностите во мерењата се релативно мали споредени со движењето, па поради тоа јас сум сигурен во тоа кога кажувам дека тие се движат во две различни насоки, со две различни брзини и заради тоа не се физички поврзани. Нивната поставеност е случајна.

Морам да кажам дека овој резултат ме прави многу среќен, мислам би ме усреќил и да беше поинаков. Всушност, ако тие се движеа заедно низ вселената тоа ќе беше поинтригирачки научен резултат, бидејќи тоа ќе посочеше дека тие ѕвезди се создале заедно, што води до многу интересни размислувања. Но сега можеме да бидеме сигурни дека тоа се две ѕвезди што се појавуваат и движат во ноќта и тоа е прилично задоволително за знаење.

Но постои и друга причина. Идејата за проверка на резултатите на Гаја за Албирео да видиме дали двете ѕвезди се поврзани беше моја. Додека подготвував една статија во врска со одредената далечина на Поларис од страна на Гаја, се замислив за другите употреби на податоците. Не за големи научни прогреси, но можеби само за поставување и одгатнување на некои основни неодговорени прашања коишто астрономите сеуште ги имаат. Албирео ми дојде веднаш на ум, па јас соопштив на Твитер за тоа:

„1/2 Знам дека има доста професионални астрономи што ме следат тука, па затоа ова ќе го поставам тука: ако сте запознаени со интерпретирање на податоците од Гаја, би сакал да знам дали Албирео ( Бета Лебед ) е бинарна или оптички двојна ѕвезда.“

„2/2 Ова е долгогодишна мистерија и би било добро доколку има некои белешки околу тоа http://iopscience.iop.org/journal/2515-5172 Еден мал пролем, Албирео е премногу блиску до крајната сјајност каде што се наоѓа лимитот на Гаја. Сепак, ова би било интересен истражувачки проект.“

Веднаш добив одговор од астрономот аматер Џим Хендриксон , но тој немаше сметано на привидното движење или другите несигурности. Но потоа добив и одговор од Роналд Дримел, астроном кој работи на проектот Гаја:

„@BadAstronomer, ОК, ги погледнав податоците на Гаја за Бета Лебед А и Б, и мене ми изгледа дека се работи за оптички двојна ѕвезда. На прв поглед, паралаксите изгледаат многу слично, но како и да е, привидните движења се премногу различни.“

Тој исто така ми ги испрати потребните информации и ми помогна во нивното интерпретирање. Очигледно е дека се согласувам со неговиот заклучок.

И мора да додадам: ова беше забавно. Прибирањето на податоците, споредувањето на бројките, интерпретирањето… Долго време немав направено астрономско истражување, па беше прилично интересно кога се навратив пак.

Дали е ова значаен научен резултат? Сам по себе можеби не многу, секако е од интерес, но не револуционерен. Но покажува дека податоците од Гаја можат да одговорат голем дел од прашањата што астрономите ги имаат. Тоа е убавината од добивањето базични, високо квалитетни податоци и јавно споделување на истите. Можеби не им ја знаеме точната нивна употреба, но постојат луѓе кои што би биле повеќе од среќни да го дознаат тоа.

Превод: Христина Милошевска

Извор: SyfyWire

Сподели.