Напуштена ракета на СпејсЕкс ќе се урне на Месечината за неколку недели

0

Дел од ракетата на СпејсЕкс кој беше одвоен од неа пред седум години и беше напуштен во вселената откако ја комплетираше својата мисија, ќе се урне на Mесечината во март велат експертите.

Ракетата имаше задача во 2015та да пушти во орбита сателит на НАСА наречен DSCOVR, (Deep Space Climate Observatory), а во превод би значело климатска опсерваторија во далечната вселена.

спацеџ

Лансирање на Фалкон 9 ракета од Кејп Карневал, 1ви март 2015 (СпејсЕкс)

Оттогаш, втората фаза на ракетата или бустер, слободно лебди во т.н. хаотична орбита, како што ја нарекуваат математичарите, изјавил астрономот Бил Греј за агенцијата Франс-Прес. Токму Греј го пресмета новиот курс за судир на отпадокот со Mесечината. Бустерот помина прилично близу покрај Mесечината во јануари и таа блиска средба му ја промени орбитата – изјавил Греј. Тој стои зад софтверот “Проект Плутон”, кој овозможува пресметување на траектории на астероиди и останати предмети во вселената и се користи во опсервациски програми финансирани од НАСА.

Една недела откако делот од ракетата прелетал покрај Mесечината, Греј вршел набљудување и заклучил дека истиот ќе се урне на далечната страна на месечината на 4ти март, со брзина поголема од 9000 километри на час.

Греј ги повика членовите на аматерските астрнонмски здруженија да го набљудуваат бустерот и при тоа неговиот заклучок беше потврден. Точното време и местото на ударот може да имаат мали отстапувања во однос на прогнозата, но се согласуваат дека ќе има удар на месечината тој ден.

“Сум набљудувал отпадоци од овој тип околу 15 години. Ова е првиот ненамерен судир со Mесечината кој го имаме”, изјави Греј за АФП.

Време е да почнеме да регулираме

Астрономот Џонатан Мекдaуел изјавил за АФП, дека можно е вакви настани да се случувале и без да бидат забележани. “Има барем 50 објекти кои беа оставени во далечната земјина орбита во 60тите, 70тите и 80тите и беа напуштени таму. Ние не ги следевме” истакна тој.

“Сега следиме неколку, но поголемиот дел не можеме да ги најдеме, а тоа би значело дека не се веќе таму. Најверојатно барем неколку случајно веќе паднале на Mесечината и ние не сме забележале.”

Судирот помеѓу делот од СпејсЕкс ракетата кој тежи 4 тони и Mесечината, нема да може да се следи во точно време. Впрочем, тој ќе остави кратер кој научниците ќе можат да го забележат со летала и сателити како ЛРО (англ. Lunar Reconnaissance Orbiter) на НАСА или индијскиот Чандрајан-2 (англ. Chandrayаan-2) и притоа ќе може да се осознае повеќе за геологијата на месечината.

Вселенски летала биле намерно судирани со месечината и порано за научни цели, како за време на Аполо мисиите со цел да се тестират сеизмометри. Во 2009та НАСА упати дел од ракета исфрлен со голема брзина на Mесечината близу нејзиниот јужен пол, во потрага по вода.

Но, поголемиот дел од ракетите не одат така далеку од Земјата. СпејсЕкс ги враќа бустерите назад низ земјината атмосфера, така што тие се распаѓаат над океаните. Некои делови ги наоѓаат, превземаат и се употребуваат повторно.

Греј кажа дека можеби ќе има и други ненамерни судири со Месечината во блиска иднина, затоа што вселенските програми на Соединетите Американски Држави и Кина дополнително оставаат вселенски отпад во орбитата. Мекдауел истакна дека овие настани “ќе почнат да стануваат проблематични затоа што настанува метеж”.

“Всушност до сега никој не работи на тоа да се води сметка за вселенскиот отпад” додава тoj. ”Време е да почнеме да го регулираме”.

СпејсЕкс не одговори веднаш на прашањето за коментар од АФП.

Компанијата на Илон Маск во моментов вразвива лендер за спуштање на Месечината кој ќе и овозможи на НАСА таму да испрати астронаути најрано во 2025та.

© Агенција Франс-Прес

Превел: Миро Брандјолица

Извор:  sciencealert.com

Сподели.