Радио зрачење можеби потекнува надвор од нашата галаксија

0
Радио зрачење можеби потекнува надвор од нашата галаксија

Фотографија од небото каде е забележан сноп од радио зрачење FRB 121102, во соѕвездието Аурига (Auriga). Локацијата е означена со зелен круг. Во левиот дел од фотографијата се забележуваат остатоците од суперновата S147, додека на десниот дел се наоѓа област на ѕвездено формирање IC 410/ Заслуги: Rogelio Bernal Andreo (DeepSkyColors.com)

Од каде доаѓаат овие снопови од радио зрачење? Астрономите на повеќе пати ги забележале овие сигнали, но секогаш со истиот телескоп – опсерваторијата Паркс (Parkes) во Австралија. Овие сигнали развиле дебата за нивното потекло, поточно, дали тие потекнуваат од нашата галаксија, надвор од нашата галаксија, или можеби се произведени од самата Земја (со оглед на фактот што само една единствена опсерваторија ги забележува).

Нови изучувања со различен телескоп, од опсерваторијата Аресибо (Arecibo) во Порто Рико, заклучуваат дека овие сигнали потекнуваат надвор од нашата галаксија. Ова е првиот пример на забележување на вакви сигнали на небото во северната хемисфера.

“Нашите резултати се доста важни бидејќи го отстрануваат сомнежот за космичкото потекло на овие радио сигнали“, вели Викториа Каспи, астрофизичар и истражувач на Универзитетот МекГил. „Радио брановите ги покажуваат сите знаци на сигнал кој е многу оддалечен од нашата галаксија“.

Брзите, т.н. радио рафали претставуваат сноп од радио бранови кои траат само неколку илјадинки од секундата и, според институтот за Радио Астрономија Макс Планк, во било кој даден момент на небото во просек има по седум вакви сигнали. Нивната цел и потекло е засега непознато. Претпоставките за нивното потекло одат од црни дупки, неутронски ѕвезди, па сè до магнетните полиња на пулсарите (исто така тип на неутронски ѕвезди)—или можеби нешто сосема различно.

Пулсот бил пронајден на 2 ноември 2012 година во соѕвездието Аурига (Auriga). Астрономите веруваат дека доаѓа од огромно растојание и тоа заради мерењата добиени од ]дисперзијата на плазма, односно од забавувањето на радио брановите при судирот со меѓуѕвездените електрони. Овој конкретен извор имал три пати поголема од максималната дисперзија која може да биде добиена од нашата галаксија.

„Светлината и времетраењето на овој настан, како и инфрацрвената стапка со која овие рафали се појавувале, се параметри кои се во согласност со карактеристиките на претходно забележани рафали од телескопот Паркс во Австралија, “ вели Лаура Сплитер, предводникот на ова истражување.

Други истражувања, пак, даваат двоумење за потеклото на овие сигнали и нивното растојание. Труд од 2013-та година претпостави дека сигналите може да се резултат од судирачки неутронски ѕвезди кои се на големо растојание, додека друг труд изнесува дека можеби доаѓаат од разгорувањето на блиски ѕвезди.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: Universe Today

Сподели.