Првите фотографии од Јупитеровата Голема црвена дамка направени одблиску

0

На 10-ти јули, вселенското летало Јунона (Juno) на НАСА прелета над најпознатата област на Јупитер – Големата црвена дамка. Стотици години, научниците ја имаат набљудувано создавајќи теории за нејзината природа, вели Скот Болтон, главниот истражувач на мисијата од „Југоисточниот истражувачки институт“ во Сан Антонио. Сега ги имаме најдобрите слики од оваа славна бура направени досега.

Првите слики од Јупитеровата голема црвена дамка направени одблизу

Процесирана фотографија од Големата црвена дамка на Јупитер. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/SWRI/MSSS/Gerald Eichstadt

Моментално сите софистицирани инструменти на Јунона работат совршено. Сондата може да мери магнетни полиња, гравитациски разлики и енергетски честички. Исто така, може да снима во микробрановата област, што овозможува да гледаме низ облаците на Јупитер и да ги разбереме подобро.

Првите слики од Јупитеровата голема црвена дамка направени одблизу

Процесирана фотографија од Големата црвена дамка на Јупитер. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/SwRI/MSSS/Kevin Gill

Додатно на научната работа оптичката камера наречена JunoCam направи неверојатни слики од најголемата планета во Сончевиот Систем. Возбудата е очекувана, особено и поради исчекувањето на целиот сет фотографии што ќе биде објавен наскоро. Заради овие многу очекувани слики заедно со информациите од други предходни мисии (Војаџер, Галилео, Нови Хоризонти, Хабл) имаме подобро разбирање за составот и еволуцијата на оваа бура, вели директорот на НАСА за планетарна наука Џим Грин.

Првите слики од Јупитеровата голема црвена дамка направени одблизу

Заслуги: NASA/JPL-Caltech/SwRI/MSSS/Jason Major

Големата црвена дамка е широка 16.350 километри, што е 1,3 пати повеќе од нашата планета. Самата дамка е огромен ураган чиешто потекло може да се разоткрие со помош на истражувањата на атмосферата кои ќе ги прави Јунона. Сликите се достапни онлајн, од каде многу љубители на астрофотографија ги имаат претворено црно-белите оригинали во слики во боја. Еден од нив, Џејсон Мејџор, вели дека ужива во создавањето на прекрасни слики за јавноста од оригиналните црно-бели фотографии и со нетрпение го чека секој нов сет.

Јунона повторно ќе помине блиску до Јупитер на 1-ви септември.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFL Science

Сподели.