Првата мачка во Вселената конечно ќе го добие признанието кое го заслужува

0

Сите знаеме за Амстронг, Алдрин, а некои дури и за Лајка. Поради некоја причина, ретко кој се сеќава на првата мачка во Вселената. Скромната улога на Франција како држава во целокупната вселенска трка може да биде едно од објаснувањата за анонимноста на оваа мачка-астронаут.

Првата мачка во вселената конечно ќе го добие признанието кое го заслужува

Се собираат пари за статуетка.

На 18-ти октомври 1963 година, француската државна вселенска агенција одлучи во Вселената да испрати мачка по име Феликс. Бидејќи испаднаа од конкуренција со САД и Советскиот Сојуз, Французите очигледно биле желни да влезат во Вселенската трка. Од некоја причина, тие одлучуваат да одат таму со помош на мачка. Сплет на околности, на денот на лансирањето, планираниот мачор-астронаут Феликс некаде исчезнува, па на негово место влезе непредвидена заменска хероина по име Фелисет (Félicette), која пред да замине во Вселената поминала тешка обука и тренинг.

Феликет достигнала висина која ја нема искусено ниту една мачка до ден денес. Летала преку 150 километри над Земјата и се вратила после 12 минути. По слетувањето на првата астро-мачка, француските научници ги испитувале нејзините мозочни бранови со цел да дознаат дали се случила било каква промена како резултат на летот кој го преживеала.

Во јавноста многу малку се знае за ваквите истражувања, но познато е дека е успиена после неколку месеци поради понатамошни истражувања, и установено е дека мачката има дадено голем придонес во истражувањето на вселенските патувања.

„Мислам дека тоа е последица на историскиот редослед на настаните. Напорите што доведоа до испраќање луѓе во Вселената и до Месечината беа всушност Вселенска трка меѓу двете земји,“ вели Роберт Перлман, уредник во магазинот Collect Space.

Овој човек, кој воедно е и Вселенски историчар, објаснува дека Французите на крајот сепак не инсистирале во испраќањето на луѓе во Вселената со сопствена ракета. Ова исто така може да ја објасни релативната мистерија за историската важност на мачката Феликет.

„Франција е партнер преку Европската Вселенска Агенција (ЕСА) и е тесно поврзана со НАСА и со Меѓународната Вселенска Станица (ИСС), но француските астронаути секогаш летаат со руски или американски ракети. Така, Фелисет нема директна поврзаност со славната историја, како што имаат другите животни.”

“Не знам дали повторно ќе видиме астронаути мачки или кучиња”, вели Перлман. “Поминавме низ фази на тестирање на животни цицачи, за да можеме да видиме како човечкото тело реагира во универзумот. Веќе ги испраќаме луѓето во вселената и тие остануваат таму долго време. Улогата на животните во тој поглед е завршена”.

Метју Серџ Гај, креативен директор за Anomaly London, започнал кампања на Kickstarter за собирање на 52.439 долари за статуетка на првата астро-мачка.

„Пред околу шест месеци, додека работев, наидов на крпа во кујната на која ја одбележува годишнината од мачка која заминала во Универзумот. На крпата не стоеше името на мачката и воопшто не личеше на Фелисет,“ вели Гај.

„Откако ја започнав кампањата за собирање пари, сум фасциниран од целата приказна. Сметам дека треба да се направи нешто големо за да се исправат сите грешки.“

Гај ја нагласува важноста од препознавање на Феликет и другите животни кои биле вклучени во раното истражување на Вселената.

Во соработка со: Е-Наука

ЕНаука

Сподели.