Кинескиот Чанг’е-4 открива неочекувано ладна ноќ на Месечината

0

Будењето на кинеското лунарно летало Чанг’е-4 на далечната или т.н. темната страна на месечината претходната недела беше обележано со посмрзнувачки температури од очекуваните.

Заслуги: НАСА | GSFC | Државен универзитет на Аризона

Нови набљудувања од Чанг’е-4, кинеското лунарно летало кое успешно слета на далечната страна на месечината претходниот месец, покажуваат дека ноќните температури на подалечната страна се многу пониски отколку што се мислеше.

Нови податоци по двонеделна хибернација

Слетувајќи успешно на темната страна на месечината порано во Јануари, лунарното летало Чанг’е-4 – именувано по кинеска божица на месечината – се разбуди од двонеделен период на хибернација и откри дека ноќните температури на темната страна на месечината се многу пониски од почетните очекувања на научниците.

Температурите на површината на Месечината се спуштија до -190 степени Целзиусови при првата долга двонеделна месечева ноќ на леталото. Ова е многу поладно од температурите регистрирани од претходни мисии до Месечината од САД, кои беа ограничени на поблиската страна.

„Разликата во температури „веројатно се должи на разликата во составот на месечевата почва меѓу двете страни на Месечината“, изјави Џанг Хе, извршниот директор на мисијата Чанг’е-4, за кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Истражување на скриената страна на Месечината

Месечината e „заглавена“ во нејзината орбита околу Земјата, што значи дека не се врти околу својата оска како Земјата, создавајќи типични циклуси од ден и ноќ. Наместо тоа, истата страна на Месечината е секогаш свртена кон Земјата, а подалечната страна била скриена во текот на целата човечка историја.

Се додека Френк Борман, Џим Лавел и Бил Андерс, астронаутите на Аполо 8, не ја обиколија Месечината во септември 1968, не постоеше човек кој ја видел оваа страна. Оттогаш ја имаме сликано подалечната страна со лунарно летало, давајќи му го на човештвото првиот целосен увид, но кинеското летало Чанг’е-4 не е таму на извидничка мисија.

Мисијата на кинеското лунарно летало е да ја изучува космичката радијација, Месечевата околина, и заемнодејствието меѓу Месечевата површина и сончевиот ветар, наелектризираните честички оддувани во вселената од Сонцето.

Мостот на страчките

Слетување на сонда на подалечната страна на Месечината и последователната комуникација со Земјата се покажаа како значајни предизвици за инженерите. Далечната страна на Месечината е целосно отсечена од радио комуникација со Земјата бидејќи целата Месечина стои меѓу неа и трансмитерите на Земјата, и секогаш и ќе стои. Ова го усложнува комуницирањето и координирањето на било каква активност на подалечната страна.

CNSA, кинеската вселенска агенција, го реши овој предизвик со сателитот Кечиао (Queqiao), кој е во таканаречена „хало-орбита“, на подалечната страна на Месечината. Ова му овозможува да комуницира со Чанг’е-4 и со опремата на Земјата, со тоа станувајќи потребниот предавател за комуницирање со леталото.

Кечиао на кинески значи „мост на страчките“ и се однесува на кинеската народна приказна во која „страчките прават мост со нивните крилја на седмата ноќ од седмиот месец во месечевиот календар за да и овозможат на Жи Ну, седмата ќерка на божицата на рајот, да помине и да се сретне со нејзиниот сакан сопруг, одделен од неа со Млечниот Пат.“

Превод: Јоаким Јаковлески
Извор: InterestingEngineering.com

Сподели.