Првата фотографија од црната дупка која се наоѓа во центарот на нашата галаксија

0

Астрономите од тимот на Event Horizon ја направија првата слика од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија.

Црната дупка, наречена Стрелец А* (се изговара „А-ѕвездичка“) е оддалечена приближно 27.000 светлосни години.

саг а

Првата директна слика на црната дупка во центарот на млечниот пат. Се гледа прстен кој свети портокалово, т.е. тоа е гасот кој се загрева додека пропаѓа кон сингуларитет-сенката на црната дупка е во средина

Сликата беше објавена за време на симултаните прес-конференции одржани во Националниот прес-клуб во Вашингтон, и седиштето на Европската јужна опсерваторија во Гарчинг, Германија.

Црна дупка е место каде материјата е толку густи што дури ни светлината не може да избега од нејзината гравитација. Самата „дупка“ – сингуларност во време-просторот – останува невидлива. Но, астрономите беа во можност да ги проучуваат со набљудување на нивното гравитационо влијание врз ѕвездите околу нив. Од 1990-тите, астрономите набљудувале ѕвезди во центарот на нашата галаксија што се вртат околу објект кој се чини дека има гравитациска сила еднаква на 4 милиони сонца.

Но, добивањето директна слика од самата црна дупка е многу потешко. Симулациите покажаа како дискот со гас околу сингуларноста се загрева и почнува да свети непосредно пред да го премине хоризонтот на настани, при што црната дупка фрла сенка врз него. Меѓутоа, до неодамна овој процес никогаш не беше виден.

Потоа, во 2019 година, телескопот Хоризонт на настани (EHT) – соработка која во тоа време се состоеше од 8 различни радио телескопи низ целиот свет – ја објави првата слика на црна дупка: централната црна дупка на галаксијата М87, околу 53 милиони светлосни години од Земјата. Со користење на техника наречена многу долга основна интерферометрија (VLBI), осумте радио телескопи на EHT, расфрлани низ светот, би можеле да работат заедно за да постигнат ефективна резолуција на телескоп со големина на планетата.

Податоците со кои се направени сликите M87 и Sgr A* беа земени во април 2017. И покрај неговата оддалеченост, централната црна дупка на М87 всушност беше полесна за сликање. Тоа е затоа што кога гледаме во јадрото на Млечниот Пат, гледаме низ рамнината на нашата галаксија, со прашина и гас од дискот на патот.

Меѓутоа, при набљудувањето на Sgr A*, астрономите имаа една предност: набљудувањата M87 не можеа да ги користат сите осум телескопи – неговата локација на северното небо го не дозволува користење на на телескопот на Јужниот Пол. Кај Sgr A* овој телескоп можеше постојано да ја набљудува дупката, и притоа да ја зголеми резолуцијата на набљудувањата.

Превод: Христијан Петрески

Извор: astronomy.com

Сподели.