Пронајден вториот најголем метеорит досега

0
Пронајден вториот најголем метеорит досега

Ископувањето на метеоритот во Аргентина.

Метеорит со тежина од преку 30 тони беше пронајден во Аргентина од научници од Здружението за астрономија Чако (Chaco Association of Astronomy). Тој бил закопан околу 5 метри под површината, а неговата широчина изнесува скоро 2 метри. Првичните мерења покажуваат дека тежи 30.800 килограми, но треба официјално да се измери за да се потврди неговата тежина.

Откритието беше направено во областа Campo del Cielo, што во превод значи „Небесно поле,“ а која се наоѓа северозападно од главниот град Буенос Аирес. Оваа област е покриена со кратери од метеорски дожд кој се има слуечено пред 4000 години. Најголемиот кратер има димензии од 115 на 91 метар.


Видео од ископувањето на метеоритот

Медиумите го опишуваат ова отркитие како вториот најголем метеорит кој е пронајден до сега. Најголемиот, познат како „Хоба“ беше пронајден во Намибија, тежи 60 тони, и се смета дека паднал на земјата пред околу 80.000 години.

Потенцијалната вредност на овој метеорит сè уште не е дискутирана. Но, секако, поради овој настан ќе се зголеми туризмот во оваа област.

Превод: Лука Пешиќ

Извор: IFL Science

Сподели.