За прв пат по неколку децении кинеска сонда се врати со нови примероци од Месечината

0

Беспилотно кинеско вселенско летало се врати безбедно на Земјата во четвртокот носејќи карпи и почва од Месечината. Ова е прва ваква мисија по четири децении, вели државната новинска агенција Синхуа.

Според агенцијата Синхуа, повикувајќи се на информации од Кинеската национална вселенска администрација, повратниот модул од вселенската проба наречена Чанг’-е 5 слетал во северниот кинески регион на внатрешна Монголија. Пекинг се обидува да ги достигне САД и Русија по децении обиди да се изедначи со нив во вселенските достигнувања доделувајќи милијарди на вселеснката програма предводена од војската.

change

Заслуги: (New China TV/YouTube)

Вселенското летало именувано по митската кинеска божица на Месечината, слета на неа на први декември и го започна својот пат назад два дена подоцна. Според вселенската агенција додека било на Месечината го поставило и кинеското знаме.

Научниците се надеваат дека примероците ќе им помогнат во разбирањето на потеклото на Месечината како и формацијата и вулканската активност на површината. Со оваа мисија Кина станува третата држава која има вратено примероци од Месечината по САД и Советскиот Сојуз во 1960-тите и 1970-тите.

Ова е првиот обид за земање примерок од месечината по советската Луна 24 во 1976. Според научниот журнал Nature мисијата на леталото била да собере два килограма на материјал во областа Oceanus Procellarum (Океан на бурите), широка, досега неистражена долина од лава. Под председателот Ши Џинпинг плановите за кинескиот „вселенски сон“ како што тој го нарекува се реализираат со брзо темпо. Кина се надева дека ќе има своја вселенска станица со екипаж до 2022 и дека евентуално ќе испрати луѓе на Месечината.

Извор: www.sciencealert.com

Превод: Максим Осман-Николов

Сподели.