Кјуриосити избуши дупки во површината на Марс и пронајде нешто многу чудно

0

Јаглеродoт е основа за целиот живот на Земјата,  и затоа неговото откривање на другите планети секогаш ги возбудува научниците – Кјуриосити на Марс откри необична мешавина од овој хемиски елемент што може да укаже на постоење на вонземски живот.

ц12

Една од дупките користени за собирање седименти во кратерот Гејл

Животот како причина за присуството на јаглерод не докажан, но е можност. Тоа е едно од трите различни сценарија за кои експертите мислат дека можеби го создал јаглеродот пронајден во седиментот во кратерот Гејл, собран во текот на девет години од август 2012 до јули 2021 година.

Вкупно 24 примероци прашок беа загреани од Кјуриосити со цел да се одделат поединечните супстанции.  Кјуриосити најде варијации во однос на мешавината на изотопи на јаглерод 12 и јаглерод 13: двата стабилни изотопи на јаглерод кои можат да откријат како циклусот на јаглерод се менувал со текот на времето

Она што ги прави овие варијации особено фасцинантни – некои примероци збогатени со јаглерод 13, а во некои во траги – е тоа што тие укажуваат на неконвенционални процеси различни од оние создадени од циклусот на јаглерод во модерната ера на Земјата.

„Количините на јаглерод 12 и јаглерод 13 во нашиот Сончев систем се количините што постоеле при формирањето на Сончевиот систем“, вели Кристофер Хаус од Државниот универзитет во Пенсилванија.

„Двата изотопи се присутни во сè, но бидејќи јаглеродот 12 се распаѓа побрзо од јаглеродот 13, испитувањето на релативните количини на секој изотоп во примероците може да го открие јаглеродниот циклус“.

Едно објаснување за јаглеродните циклуси е џиновски молекуларен облак од прашина. Сончевиот систем минува низ таков на секои сто милиони години, а ефектот на ладење што го создава остава наслаги на јаглерод по него. Ова е веродостојно сценарио, вели тимот, но му требаат повеќе докази.

Алтернативно, создавањето на CO2 во органски соединенија (како формалдехид) преку абиотски (небиолошки) процеси би можела да го објасни она што го нашол Кјуриосити – поконкретно ,ултравиолетова светлина како можна причина. Тоа е нешто за што научниците претпоставуваа претходно, но потребно е дополнително истражување.

ц13

Дел од пејсажот на Марс од каде се земани примероците. Заслуги: NASA/Caltech-JPL/MSSS

Ни остана третото објаснување, а тоа е дека или ултравиолетовата светлина или микробите некогаш го претвориле метанот произведен од биолошките процеси, т.е го детектиравме јаглеродот создаден како резултат на животот. Како и со другите две можности, ќе ни требаат повеќе докази за да знаеме со сигурност, но има некои паралели на Земјата.

„Примероците содржат премалку јаглерод 13 се слични на примероци од Австралија земени од седимент стар 2,7 милијарди години“, вели Хаус.

„Тие примероци беа создадени од биолошката активност кога метанот се преобразувал, но не мора да значи дека тоа се случило на Марс бидејќи тоа е планета што можеби настанала од различни материјали и под различни процеси од Земјата“.

Се разбира, мисијата Кјуриосити продолжува. Идното откривање на остатоци од наслаги на микроби, или траги од одамна изгубени глечери ќе им помогнат на научниците да сфатат кое од овие три објаснувања е најверојатно.

Засега едноставно не знаеме доволно за Марс и неговата историја за да можеме да дојдеме до какви било заклучоци за тоа како настанале овие јаглеродни циклуси. Планирано е дополнително бушење на местото каде што беа собрани овие примероци.

На Кјуриосити неодамна му се придружи и роверот Perseverance, кој планира да ги врати карпите од Марс на Земјата наместо да ги истражува на самото место. Очекуваме овие ровери да откријат многу во текот на следните години.

„Сите три можности укажуваат на необичен јаглероден циклус различен оној на Земјата денес“, вели Хаус. „Но, ни требаат повеќе податоци за да откриеме кое од нив е точното објаснување.

„Ние сме внимателни со нашето толкување, што е најдобриот начин кога се проучува друг свет.

Превод: Христијан Петрески

Извор: sciencealert.com

Сподели.