Потрагата по планети од типот на Земјата ќе биде олеснета

0
Потрагата по планети од типот на Земјата ќе биде олеснета

Зголемената разлика на зоните поволни за живот од низата ѕвезди го прави полесно пронаоѓањето на млади Земји. Извор: Astrophysical Journal Letters.

Кое е вистинското место за потрага по млади планети од типот на Земјата? Околу која од милијардите ѕвезди на небото се кријат планетите слични на нашата? Новото истражување од Институтот за Бледи сини точки (Institute for Pale Blue Dots) од Универзитетот Корнел предвидува каде и кога има најголеми шанси за пронаоѓање на млади Земји.

Потрагата по нови светови поволни за живот е една од највозбудливите работи на која работи човештвото. Истражувачите од Институтот за Бледи сини точки откриваат дека младите светови во зоните поволни за живот, каде постои можност за присуство на вода во течна состојба на површината на планетите и каде може да се детектираат знаците на живот од атмосферите преку телескопи, всушност се наоѓаат во подалечните орбити околу младите ѕвезди. Зголемената оддалеченост значи дека овие млади планети ќе бидат видливи веќе со следната генерација на телескопи, лоцирани на Земјата. Најлесно ќе биде да се воочат кога зоната е поодалечена и кога ѕвездите се сè уште млади.

Истражувачите велат дека пред-главниот период на ладните ѕвезди е долг, до 2.5 милијарди години, што значи дека животот кај нив може да започне за време на оваа рана фаза и понатаму да продолжи потповшински, односно подводно со текот на намалувањето на светлината на ѕвездата.

Уметнички приказ на како би можела да изгледа млада планета од типот на Земјата. Извор: ЕСО.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.