Погледнете како денес изгледа местото каде што слета Аполо 11

0
Местото каде слета Аполо 11, снимено во 2012 година со камерата на Lunar Reconnaissance орбитер. Видливи се LМ (Лунарен модул), LRRR (Лунарен Ласерски Ретро Рефлектор), над PSEP (Пасивен Сеизмички Пакет за Експерименти). Сликата била направена од 24 километри над површината. Извор: НАСА/Универзитет на Аризона.

Местото каде слета Аполо 11, снимено во 2012 година со камерата на Lunar Reconnaissance орбитер. Видливи се LМ (Лунарен модул), LRRR (Лунарен Ласерски Ретро Рефлектор), над PSEP (Пасивен Сеизмички Пакет за Експерименти). Сликата била направена од 24 километри над површината. Извор: НАСА/Универзитет на Аризона.

Пред 45 години областа наречена Морето на Тишината (Mare Tranquillitatis) беше разбранувана кога Нил Армстронг и Баз Алдрин се осмелија да ја вознемират античката месечева прашина. Сега, местото е тивко, недопрено речиси половина век. Но, сеуште можат да се забележат трагите од астронаутите кои сведочат за овој настан. Ова се должи на бавната ерозија на Месечината. Генерално, потребни се милиони години за да се избришат трагите од метеорите и соларната активност, па така отпечатоците од Аполо 11 како да имаат бесмртен карактер. Истото важи и за останатите 5 екипи кои пристигнаа на површината на Месечината.

Во чест на годишнината, НАСА објави неколку снимки од местата на слетување на сите Аполо мисии (освен Аполо 13 која не успеала да слета на површината поради експлозија).

Аполо 12 и Сурвејор 3 стигнаа на Океанот на Бурите на Месечината. Се гледаат доказите од Интрепид и роботскиот брод Сурвејор 3 и кратерите кои биле посетени од астронаутите. Извор: НАСА/Универзитет на Аризона.

Местото каде слета Аполо 14. Фра Мауро, сликано од орбитерот Lunar Reconnaissance во 2011 година. Десно е лунарниот модул Антарес, а лево се гледаат трагите од количката, одбележани со стрелка и Лунарниот површински експериментален пакет. Извор: НАСА/Универзитет на Аризона.

Аполо 15 слета на местото Hadley plains. Сликата е направена од 25 километри височина, во текот на 2012 година. Се гледа лунарниот модул Фалкон, Лунарното Ровер Возило и Аполо пакетот за површински експерименти. Местото е обележано со траги од роверот. Извор: НАСА/Универзитет на Аризона.

На оваа фотографија е местото Descartes Highlands, каде слета Аполо 16. Снимката е направена во 2010 година и се гледа лунарниот модул Орион, местото на паркирање на роверот и неговите траги, пакетот за експерименти, радиоизотопски генератор и геотелефонска линија, дел од мисијата за Активна сеизмологија. Извор: НАСА/Универзитет на Аризона.

Аполо 17 слета на Таурус – Литроу.Фотографијата е направена во 2011 година. Се гледа модулот Challenger, роверот и трагите, каменот Geophone и пакетот за експерименти. Извор: НАСА/АСУ.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Universe Today

Сподели.