Дали сте подготвени за небото во 2017-та година?

0

Во нетрпеливо исчекување на новата 2017-та година, прочитајте го овој краток преглед на поинтересните астрономски настани кои вреди да се набљудуваат во текот на следната година.

2-ри јануари – Венера, младата Месечина и Марс формираат права линија на вечерното небо;
3, 4-ти јануари – Метеорскиот рој Квадрантиди;
18-ти јануари – Најдобар поглед на астероидот Веста (гледано од Земјата, на спротивната страна од Сонцето, т.н. опозиција);
22-ри јануари – Галилеевиот сателит Калисто се појавува привидно на југот на Јупитер.

1-ви февруари – Венера, Марс и младата Месечина -тисе подредени во линија;
10, 11-ти февруари – Пенумбрално затемнување на Месечината (видливо за целиот свет, освен Океанија);
17-ти февруари – Венера е најдобра за набљудување;
26-ти февруари – Прстенесто (ануларно) затемнување на Сонцето (видливо од поголемиот дел на Јужна Америка, Африка и Антарктик);

1-ви март – Младата Месечина е сместена блиску до Марс и Уран на вечерното небо;
2-ри март – Ганимед и неговата сенка преминуваат (прават транзит) преку дискот на Јупитер;

1-ви април – Меркур е најдобар за набљудување (ќе се наоѓа под агол од 19 степени од Сонцето, гледано од Земјата т.н. источна елонгација);
7-ми април – Јупитер е најдобар за набљудување (опозиција), Ганимед и неговата сенка транзитираат (преминуваат преку дискот);
22, 23-ти април – Метеорскиот рој Лириди;

6, 7-ми мај – Метеорскиот рој Ета Аквариди;

3-ти јуни – Сите четири Галилееви сателити се во близина на Јупитеровиот диск;
3-ти јуни – Венера е најдобра за набљудување (источна елонгација од 45.9 степени од Сонцето);
15-ти јуни – Сатурн е најдобар за набљудување (опозиција);

2-ри јули – Најдобар поглед на објектот 3 Јунона (3 Juno, во опозиција, категоризиран како „мала планета“ – објект во орбита околу Сонцето кој не е планета, ниту е именуван како астероид);
10-ти јули – Плутон, џуџестата планета, ќе биде најдобар за набљудување (опозиција);
28, 29-ти јули – Метеорскиот рој Делта Аквариди;

7-ми август – Делумно затемнување на Месечината (видливо од поголемиот дел на Европа, Азија, Океанија, Африка и Антарктик);
12, 13-ти август – Метеорскиот рој Персеиди;
21-ви август – Целосно затемнување на Сонцето (видливо од поголемиот дел на Северна и Јужна Америка, Арктик);

5-ти септември – Нептун е најдобар за набљудување (опозиција);
12-ти септември – Меркур е повторно најдобар за набљудување (западна елонгација од 17.9 степени од Сонцето);
16, 17-ти септември – Меркур и Марс се наоѓаат блиску еден до друг на утринското небо;
18-ти септември – Порамнување на Меркур, Марс, младата Месечина и Венера на утринското небо;

5-ти октомври – Венера, Марс и ѕвездата Сигма од соѕвездието Лав (σ Leo) формираат триаголник на утринското небо;
7-ми октомври – Метеорскиот рој Дракониди;
19-ти октомври – Уран е најдобар за набљудување (опозиција);
21, 22-ри октомври – Метеорскиот рој Ориониди;

4, 5 – ноември – Метеорскиот рој Тауриди;
13-ти ноември – Конјункција на Венера и Јупитер (привидно се доближуваат на небото);
17-ти ноември – Поредување на Јупитер, Венера и младата Месечина на утринското небо;
17, 18-ти ноември – Метеорскиот рој Леониди;

3-ти декември – Супермесечина;
13, 14-ти декември – Метеорскиот рој Геминиди;
22, 22-ри декември – Метеорскиот рој Урсиди.

Скопско астрономско друштво ви посакува среќни празници и чисто небо во 2017-та!

Превод: Марина Димовска

Извор: http://imgur.com/xGsvciZ

Сподели.