По сé изгледа на планетата близначка на Земјата нема услови за живот

0
Планетата Кеплер 438б пред својата сурова ѕвезда домаќин. Често е озрачена од силните бранови, кои најверојатно ја прават оваа планета место со услови далеку од поволни за живот. На оваа фотографија е прикажано како атмосферата на планетата се исфрла, односно отстранува настрана.

Планетата Кеплер 438b пред својата сурова ѕвезда домаќин. Често е озрачена од силните бранови, кои најверојатно ја прават оваа планета место со услови далеку од поволни за живот. На оваа фотографија е прикажано како атмосферата на планетата се исфрла, односно отстранува настрана.

Астрономите од Универзитетот во Варвик, Англија, открија дека планетата која често беше нарекувана близначка на Земјата е постојано бомбардирана од силни гама зраци и спржена плазма од нејзината ѕвезда-домаќин. Овие откритија укажуваат дека, спротивно од досегашните теории за можен живот, на ова место всушност е мошне неверојатно да се случи вакво нешто под тие сурови услови.

Планетата е наречена Кеплер 438b и орбитира во рамките на зоната поволна за живот околу една џуџеста ѕвезда. Ѕвездата исфрла големи зрачења, 10 пати помоќни од оние забележани при актовноста на нашето Сонце. Се претпоставува дека силата на еден ваков супер-млаз од зраци од оваа џуџеста ѕвезда има 5000 пати поголема енергија од астероидот кој ги истребил диносаурусите на Земјата.

Станува збор за силни гама зраци кои се многу штетни. Покрај овие зрачења, џуџестата ѕвезда се претпоставува дека исфрла и огромни ерупции од плазма од површината кои може да ја нарушуваат, па дури и исфрлат атмосферата на планетата. Оваа комбинација од влијанија од ѕвездата ја прави планетата мошне ужасно место. Оваа планета се смета за близначка на Земјата бидејќи нејзиниот индекс на сличност е најголем. Таа е незначително поголема и потешка од Земјата, со просечна температура од 3°C. Таа е многу блиску до ѕвездата, поточно 24 милиони километри.

Со така истенчена или исфрлена атмосфера, планетата би била целосно неповолна за живот, постојано изложена на УВ и рентген зрачење. Доколку Кеплер 438b има свое магнетно поле, постои можност да е заштитена од дел од некои од овие деструктивни влијанија од ѕвездата. Базирано на податоците од Кеплер, сè уште не е можно да се утврди дали има или нема присуство на атмосфера на оваа планета, па така останува отворена потрагата по втората Земја.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.