Плутон емитува рентгенски зраци

0

Астрономите кои работат со Чандра – рентгенската опсерваторија од НАСА откриле дека џуџестата планета Плутон емитува рентегнски зраци. Тоа е првпат кај објект од Кајперовиот појас да се открие ваква појава. Се смета дека ова зрачење е интеракција на Плутон со соларните ветрови поради што астрономите се изненадени од овој „неочекуван и енергичен начин на Плутоновата реакција“. Се претпоставува дека и кај другите објекти од Кајперовиот појас се случуваат слични реакции. Астрономите уште за време на мисијата Нови Хоризонти (New Horizons), за време на приближување на сондата, четири пати ги забележале рентгенските зраци од Плутон.

Ова претставува изненадувачко откритие, бидејќи за разлика од Земјата и другите небесни тела во Сончевиот Систем, на Плутон му недостасува магнетно поле, а исклучитело е далеку од Сонцето – два фактори кои укажуваат дека емисијата на рентгенски зраци е невозможна.

Пред Плутон, најоддалечено тело во Сончевиот Систем каде што се откриени рентгенски (Х) зраци беа прстените на Сатурн и неговиот диск. И покрај сомнежот кој го имаа научниците, опсерваторијата Чандра (Chandra) потврди дека гасот кој ги опкружува планетарните тела е во интеракција со наелектризираните честичкки на соларните ветрови коишто создаваат рентгенско зрачење.

Меѓутоа, она што навистина е необично е тоа што Плутон емитува многу повеќе рентгенско зрачење отколку што вакво тело со таа количина на гас околку себе би требало и би можело да емитува. Постои теорија дека емисиите кои се предизивкани од интерпланетарното магнетно поле „буткаат“ повеќе соларни честички кон Плутон, предизвикувајќи повеќе емисии отколку што се очекува. Исто такка е можно да постојат долги „стази“ гасови позди џуџестата планета кои ги предизвикало движењето на сондата Нови Хоризонти.

Во секој случај, се очекува дека натамошните истражувања ќе помогнат да се сфати што се наоѓа позади Плутон и неговото рентгенско зрачење, особено кога ќе се земе предвид можноста дека и други Кајперови објекти ја поседуваат оваа особина.

Сондата Нови Хоризонти ја има можноста да ги истражи овие претпоставки и да ја потврди теоријата, како дел од нејзината од неодамна усвоена, проширена мисија во Кајперовиот појас, каде што ќе посети уште еден објект, МU69, транснептунски објект со големина од околу 30 километри, до кој ќе пристигне на 1-ви јануари 2019 година. Дотогаш Чандра ќе ги набљудува другите објекти во Кајперовиот појас, а Нови Хоризонти на својот пат ќе обрати внимание на објектите покрај кои ќе поминува и ќе испитува дали и тие зрачат рентгенски зраци. Оние кои работат со опсерваторијата Чандра од НАСА откриле дека џуџестата планета Плутон емитува рентгенски раци. Тоа е првпат кај објект од Кајперовиот појас да се открие ваква појава. Се смета дека ова зрачење е интеракција на Плутон со соларните ветрови поради што астрономите се изненадени од овој „неочекуван и енергичен начин на Плутоновата реакција“. Се претпоставува дека и кај другите објекти од Кајперовиот појас се случуваат слични реакции. Астрономите уште за време на мисијата Нови Хоризонти, за време на приближување на сондата, четири пати ги забележале рентгенските зраци од Плутон.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.