Планетите со дијамантски состав се во поголемо изобилство од предвиденото

0

Преку развој на нов модел за проценување на составот на егзопланетите, астрономите од Јејл (Yale) откриле дека планетите богати со јаглерод, од кои некои можат да имаат големи количини на дијаманти, се наоѓаат во поголемо изобилство отколку што претходно се веруваше.

Сите промени во составот на планетата настануваат при нејзиното создавање во гасовниот базен – оваа хемиска еволуција е во голема мера одговорна за составот на планетата. Астрономите се особено заинтересирани за егзопланети богати со јаглерод, бидејќи тоа има импликации врз геолошки процеси како што се тектонските плочи, но можеби и за постоење на живот.

„И покрај релативно малото количество на јаглерод на планетата Земја, тој е од клучно значење на животот на земјата” вели водечкиот истражувач Јон Мориати. „Отворено е прашањето за тоа како хемија богата со јаглерод би имала влијание врз животот на егзопланетите. Се надеваме дека нашите наоди ќе инспирираат луѓе да ги одговорат овие прашања”.

Некои од главинте елементи на Земјата се кислород, водород, магнезиум, железо и силициум. Јаглеродот, од друга страна, сочинува околу 0,005% од вкупниот состав. Се верува дека карпестите егзопланети генерално имаат сличен состав, додека пак планети богати со јаглерод би можеле да имаат три четвртини од нивната вкупна маса.

Претходно, со цел да се определи материјалниот состав на планетите, научниците користеле модел базиран на хемискиот диск на планетата во еден момент од времето, додека ова истражување го следи менувањето на дискот со тек на времето.

Истражувачите презентираа два клучни наоди во нивниот извештај. Прво, се откри дека планети богати со јаглерод, со дискови кои содржат јаглерод и кислород со стапки поголеми од 0,8 може да се формираат подалеку нанадвор од центарот на дискот од предвиденото. Второ, тие откриле дека ако создавањето на планета се случува во близина на ѕвездата, планетите богати со јаглерод можат да се формираат во рамките на дискови кои содржат ниски стапки на јаглерод и кислород, како 0,65, што е различно од претходните предвидувања дека се потребни стапки од најмалку 0,8.

Според Дебра Фишер, еден од авторите на студијата, резултатите нагласуваат важни прашања кои остануваат неодговорени, особено тоа дали Земјата може да се смета за класична карпеста планетата. „Оваа работа понатаму го проширува опсегот на можни фактори за постоење на живот на други светови“, додава таа.

Извор: IFLS

Превод Андреј Костовски

Сподели.