Планетите слични на Земјата имаат внатрешност која наликува на нашата

0
Извор: Харвард-Смитсониан Центар за Астрофизика

Извор: Харвард-Смитсониан Центар за Астрофизика

Како деца на училиште стекнуваме основни познавања за структурата на Земјата која се состои од тенок надворешен слој, дебела обвивка и јадро со големина на Марс. Научниците се прашуваат дали сите карпести егзопланети слични на Земјата, кои орбитираат околу другите ѕвезди имаат ваква трослојна структура?

Новите истражувања го потврдуваат ова и велат дека внатрешностите на сличните планети на Земјата наликуваат на нашата структура.

Направени се компјутерски модели на стандардниот изглед на внатрешноста на Земјата кои потоа се прилагодени на различните маси и состави на други шест познати карпести егзопланети. Откриено е дека другите планети, покрај нивните разлики со Земјата би требало да имаат јадро од никел/железо кое опфаќа околу 30% од масата на планетите исто како во случајот со нашата планета. Ова правило може да се примени и кај помали, смрзнати светови како месечини и џуџести планети во надворешноста на соларните системи. На пример, со внесување на податоците за Плутон, научниците откриле дека третина од масата е мраз, претежно од вода, но исто така и од метан и амонијак.

Моделот претпоставува дека далечните егзопланети имаат слични хемиски состави со Земјата. Ова е разумна претпоставка со оглед на изобилието на клучните елементи како железо, магнезиум, сицилиум и кислород во околните системи. Сепак, формирањето на планети во предели кои не се толку богати со метали може резултира со различни структури во внатрешноста на овие планети.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.