Планети кои повторно се враќаат во младоста засветувајќи со инфрацрвени зраци

0
Планети кои повторно се враќаат во младоста засветувајќи со инфрацрвени зраци

Уметнички приказ на „подмладена“ планета – гасовит џин кој го обновил својот младешки инфрацрвен сјај. Можно е вселенскиот телескоп Спицер (Spitzer) да има најдено докази за една ваква планета околу мртва ѕвезда, или бело џуџе наречено PG 0010+280, означено со белата точка на фотографијата. Извор: NASA/JPL Caltech

Замислете една планета која со години старее наеднаш да се подмлади, да светне со младешки сјај. Овој вид засега е само базиран на теоретски хипотези. Но, со новите истражувања на НАСА и телескопот Спицер (Spitzer) можно е да се открија докази за ваков вид на планета. Овој кандидат се чини дека е милијарди години помлад од неговата реална возраст.

Кога планетите се млади, тие сè уште светат со инфрацрвената светлина од нивното создавање. Но, како што стареат, губат топлина и полека стануваат тешки за забележување. Овој тип на подмладени планети би биле повторни видливи и одново ќе почнат да зрачат инфрацрвена светлина.

Години наназад, астрономите имаа предвидено дека некои масивни планети од типот на Јупитер може да акумулираат маса од ѕвездите кои умираат во околина. Со стареењето, ѕвездите како нашето Сонце се трансформираат во црвени џинови, па полека губат половина или повеќе од нивната маса, собирајќи се во еден вид на остаток, односно бело џуџе. Ѕвездите кои умираат расфрлаат наоколу ветрови од материја, која би можела да падне на џиновските гасовити планети, лоцирани во надворешните предели на системот.

Така, една џиновска планета може да добие дополнителна маса и да се загрее поради фрикцијата од паднатата материја. Планетата, која веќе се ладела во текот на милијарди години во случајов повторно би почнала да зрачи со топла, ифрацрвена светлина.

Новото истражување вели дека една мртва ѕвезда наречена PG 0010+280 околу себе има неочекувано присуство на инфрацрвена светлина. Најрпво, научниците помислиле дека потеклото на инфрацрвената светлина доаѓа од диск од материја околу белото џуџе. Во текот на последнава деценија откриени се околу 40-тина вакви дискови околу мртви ѕвезди. Се претпоставува дека дисковите настануваат кога астероидите поминуваат премногу близу до белите џуџиња и се распарчуваат поради силните гравитациски сили. Друг доказ кој ја потврдува оваа појава е и самиот состав на белите џуџиња. Тие би требало имаат само водород и хелиум во нивните атмосфери, но научниците кај околу 100 примероци откриле и потешки елементи како кислород, магнезиум, силициум или железо.Се смета дека овие елементи се остатоци од распарчените астероиди кои останале во атмосферите на белите џуџиња.

Научниците не се сигурни дали во случајот со PG 0010+280 станува збор за дискови од астеориди, друга блиска мала ѕвезда од типот на кафено џуџе или пак, подмладена планета. Доколку се потврди последната опција, ќе се докаже дека некои од планетите успеваат да ја преживеат фазата на црвен џин и да останат присутни откако ѕвездата ќе стане бело џуџе.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.