Папата ги одобри теориите за еволуцијата и Големиот прскот

0
Папата ги одобри теориите за еволуцијата и Големиот прскот

Папата Франсис изјави дека еволуцијата не е во конфликт со католичките верувања. Заслуги: Edgar Jiménez CC BY-SA 2.0.

Папата Франсис повтори дека Католичката црква не гледа судир меѓу науката и религијата, прифаќајќи дека Универзумот бил создаден за време на Големиот прскот (Big Bang), наместо да инсистира на буквална интерпретација на Книгата за создавањето (Genesis, н.з. Стариот Завет).

Оваа позиција не е нова. Во изминатите децении, многу поконзервативни папи ги поддржале научните идеи кои се анатема на христијаните фундаменталисти, особено на онаа дека луѓето потекнуваат од други видови. Сепак, ние би рекле дека од првото признание за оваа можност, позицијата на црквата значително еволуираше.

Се памети дека Ватикан го запали на клада Џордано Бруно поради неговото пишување дека постојат многу светови и го принуди Галилео да ги отфрли своите мислења под закана за тортура. Во последно време, христијанските напади врз науката најмногу доаѓаат од Евангелистичките протестанти.

Како и да е, кога Папата Пие XII прв ја призна можноста за еволуцијата во 1950 година, неговата позиција беше крајно безволна. Во времето кога Папата Јован Павле II се обрати на оваа тема, веќе имаше промена.

Сега, како дел од многу поголема заложба да се приближи црквата кон 21-от век, а додека сепак се зачувуваат традицииите, Папата Франсис употреби јазик која ја пренесува оваа порака многу појасно.

„Кога ја читаме прказната за создавањето во Книгата за создавањето, ние ризикуваме да замислиме дека Бог бил магионичар, со магично стапче кое може сè да стори“, вели Папата Франсис. „Но, тоа не е така. Тој ги создал суштествата и им дозволил да се развиваат во согласност во внатрешните закони коишто Тој им ги зададе на сите, за да можат да се развиваат, за да можат да достигнат зрелост.“

Папската академија на науките е тело на Ватикан кое е основано да ги промовира математичките и физичките науки. Речиси 50 добитници на Нобелова награда биле нејзини членови, а меѓу нив ги вбројуваме и гигантите како Радерфорд, Планк и Бор.

Во своето обраќање на академијата, Папата Франсис изјави: „Еволуцијата на природата не е противречна на идејата за создавањето, бидејќи еволуцијата подразбира создавање на суштества кои еволуираат.“ Космолозите, кои се уште ги мачи прашањето што го создало Универзумот, може да ја доведат неговата изјава во прашање. „Денес е утврдено дека од Големиот прскот потекнува светот, но тој не противречи на боженствениот акт на создавање, напротив, тој го побарува тоа.“ Од друга страна пак, тоа не е нешто кое што може да се демантира во моментов.

Превод: Софија Спировска

Извор: IFLS

Сподели.