Оваа машина може да им помогне на роботите да слетаат на други светови

0

Оние кои ги планираат мисиите навистина мразат кога вселенските роботи ќе слетаат на погрешно место. Но, една вселенска агенција има нов симулатор кој може да ги направи слетувањата попрецизни.

Прикажан горе, софтверот и хардверот го импресионирале францускиот вселенски центар ONERA, па му доделиле награда на водечкиот истражувач за работата.

Бидејќи обележјата одблиску изгледаат различно отколку од далеку, овој систем има метод за решавање на овој проблем. Таканареченото слетување со внатрешна и оптичка навигација прави слики генерирани од камерата на вселенското летало и ги споредува со мапи од предходни мисии како и 3Д модели од површината. Тој може да ја земе предвид релативната големина на секоја точка што ја гледа, од голем кратер до мало камче.

Овој систем може да помогне во слетувањето на робот на астероид или Марс.

Извор: Universe Today

Превод: Максим Осман-Николов

Сподели.