Откриени се прстени околу планетоидот Хирон

0
Откриени се прстени околу планетоидот Хирон

Уметнички приказ на прстените околу планетоидот Харикло. Извор: ЕСО

Колку од објектите во нашиот систем имаат прстени околу себе? За повеќемина, одговорот можеби ќе биде еден, но всушност станува збор за пет објекти кои можеби ќе бидат надополнети со уште еден нов кандидат. Од МИТ велат дека имаат докази за новото откритие. По откривањето на најпознатите прстени околу Сатурн, потребни беа дури 332 години за да дознаеме дека и околу Уран исто така кружат прстени. Набрзо потоа, дознавме дека и другите гасовити џинови, Јупитер и Нептун имаат прстени. Но, како најголемо изненадување беше планетоидот Харикло (Chariklo) е кој е широк само 230 километри и на мистериозен начин успеал да задржи околу себе систем од прстени.

Во 2011 година, планетоидот 2060 Хирон, со дијаметар од 180 km, помина пред ѕвезда. Светлината од ѕвездата остана засенета пред и по минувањето, со што се посочува на присуството на материја која се оддалечува до 300 километри од центарот на оваа планета. Анализите траеја повеќе од 3 години и неодамна беа објавени на Icarus.

Планетоидот има голема орбита која се движи од Сатурн до Уран. Според анализите, прстените се широки 3 и 7 километри, со растојание од 10-14 километри помеѓу нив. За да се потврдат сите овие анализи ќе мора да почекаме повторно проаѓање на планетоидот пред ѕвезда.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.