Откриени планини на Плутон и Харон

0

На 14 јули, 2015, Нови хоризонти се доближи најблизу до системот на Плутон и направи голем број на фотографии и најразлични истражувања.

На најновата фотографија направена одблизу во околината на екваторот на Плутон може да се забелжи млад планински венец кој се издигнува на 3500 м височина во однос на околната површина. Планините најверојатно се формирани пред не повеќе од 100 милиони години и можно е да се сѐ уште во процес на создавање.

„Ова е еден од најмладите површини некогаш забележани во Сончевиот систем“, изјави Џеф Мур, тим лидер за геологија, геофизика и обработка на фотографии.

Откриени планини на Плутон и Харон

Фотографија направена одблизу во околината на екваторот на Плутон на која може да се забелжи млад планински венец. Заслуги: NASA-JHUAPL-SwRI

Втората фотографија добиена од Нови хоризонти ни покажува детали на месечината Харон. На фотографијата може да се забележи депресија со издигнување во средината, во горниот лев агол. На фотографијата се гледа површина од 390 км од горе до долу на која има и неколку кратери. „Најинтригантна карактеристика е големата планина која се наоѓа во ров“, изјави Џеф Мур. „Ова е карактеристика која ги шокираше и воодушеви геолозите“.

Откриени планини на Плутон и Харон

Фотографија од најголемата месечина на Плутон, Харон, на која се гледа депресија со издигнување во средината, во горниот лев агол. Заслуги: NASA-JHUAPL-SwRI

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: NASA

Сподели.