Откриени десет нови сателити на Јупитер

0

По откритието на четирите галилееви сателити на Јупитер во 1610 година, астрономите се помачиле за да најдат уште десет во наредните три ипол векови. На 17ти јули Центарот за Мали Планети на Меѓународниот астрономски сојуз најави дека тим предводен од Скот Шепард идентификувал десет нови сателити на Јупитер покачувајки го вкупниот број на 79 – повеќе сателити од било која друга планета во Сончевиот систем. Досега Шепард предводел истражувачи во откривањето на 51 од овие сателити.

Десетици сателити на Јупитер орбитираат околу него долж далечни орбити во ретроградна насока – спротивно од насоката на ротација на планетата. Орбитите се групирани во три групи од 15 до 20 објекти именувани според нивни членови – Ананке (откриена 1951 год.), Карма (1938) и Пасифаја (1908). Најверојатно секоја од овие „фамилии“ на сателити представува збир од фрагменти на предходни тела кои се распарчиле при судири во раната историја на Јупитер.

Визуелизација на орбитите на сателитите на Јупитер со групите на сателитите во различни бои. Започнувајќи од внатре се галилеевите месечини, потоа проградната и на крај ретроградната група на месечини. Заслуги: Карнеги Институт За Наука / Роберто Молар Канданоса

Од десетте ново откриени сателити, седум се дел од овие ретроградни објекти. Два од нив орбитираат проградно – во иста насока како и ротацијата на Јупитер и се дел од помала група именувана по Хималија (откриена во 1904 год.).

Еден од овие сателити оригинално означен како С/2016 Ј2 (С – за сателит, Ј – за јупитер) е доволно далеку од планетата што го прави дел од ројот на ретроградни сателити. Но, за разлика од нив овој сателит сега именуван Валетуда има проградна орбита со наклон од 34 степени.

Движењето на Валетуда. Јупитер би бил горе лево доколку полето на сликата би било поголемо. Заслуги: Карнеги Институт За Наука / Скот Шепард

Валетуда имала многу темна магнитуда од 23.9 кога прв пат била забележана од Шепард во март 2016 год. Ако само 5% од површината е рефлективна – типично за мали надворешно-планетарни тела – тогаш овој сателит е најверојатно со дијаметар од само 1 km правејки го најмалиот сателит на Јупитер. Со исклучок на Валетуда сите нови откритија се направени во почетокот на 2017 год. кога Шепард правел самостојни набљудувања во Чиле користејки го 6,5 метарскиот Маѓелан-Баад рефлектор „Лес Кампанас“ и 4 метарскиот Бланко рефлектор на Церо Тололо.

„Јупитер случајно се погодил да биде во близина на набљудуваните полиња на небото за време на потрагата по далечни објекти во Сончевиот систем.“ – вели Шепард кој заедно со Давид Толен и Чад Труџило се еден од тимовите кој трага по масивната планета која се предпоставува дека лежи зад Плутон.

Од тогаш се направени додатни набљудувања кои ги следеле доволно добро за да се воспостават орбитите на секој објект. Валетуда стекнала право на именување поради тоа што била набљудувана за време на три опозиции на Јупитер. Валетуда е римската божица на здравјето и хигиената, таа е потомок на Јупитер и позната како Хигија во грчката митологија.

Потрагите на Шепард исто така го пронашле и С/2003 Ј19 – објект кој не бил забележан повторно од неговото откритие од страна на Брет Гладман и други во 2003. Овој објект е еден од 11те изгубени сателити на Јупитер (и седум околу Сатурн) за чии орбити се знае толку малку што најверојатно треба да се откријат од почеток. За среќа, Шепард изјави за Небо и Телескоп дека ги пронашле повеќето од изгубените сателити на Јупитер.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: Sky & Telescope

Сподели.