Откриена е ѕвезда со три планети од типот супер-Земја

0
Откриена е ѕвезда со три планети од типот супер-Земја

Уметничка приказ на планетата HD 219134b. Извор: НАСА, 30 јули 2015.

Астрономите објавија дека е пронајден планетарен систем со три планети од типот супер-Земја кои орбитираат околу џуџеста ѕвезда (HD219134).

Системот составен од 4 планети од кои три се супер Земји и една џиновска, се крие во северната хемисфера на соѕвездието Касиопеја (Cassiopeia) и се наоѓа на оддалеченост од 21 светлински години од Земјата.

Супер Земјите имаат поголема маса од Земјата, но се полесни од гасовитите џинови како Нептун, Сатурн и Јупитер. Овие планети може да се составени од гас, карпи или двете. Планетата со најкратка орбита орбитира околу ѕвездата на секои три дена и според мерењата од Земјата и од вселенскиот телескоп Спицер (Spitzer) нејзината маса е 4.5 пати поголема од Земјината и е 1.6 пати поголема од неа. Ова значи дека густината не е далеку поразлична од онаа на Земјата, што може да значи дека двете планети се со сличен состав. Со оглед на близината до нејзината ѕвезда, температурата е мошне висока и изнесува околу 430°C. Поради огромните жештини станува збор за вулкански свет прекриен со лава и стопена површина.

Откриена е ѕвезда со три планети од типот супер-Земја

Овој уметнички приказ ја објаснува локацијата на ноќното небо на ѕвездата HD 219134, која е означена со жолтиот круг. Ова е засега најблискиот познат домаќин на карпеста планета надвор од рамките на Сончевиот систем.

Оваа планета не е во зоната поволна за живот и на неа со сигурност не се наоѓа вода во течна состојба. Но, сепак ова е интересен примерок за научниот свет бидејќи станува збор за најблиската транзитна планета до нас која овозможува студирање на атмосферата и составот со нејзината ѕвезда во позадина. Транзитните системи од ваков тип овозможуваат анализа на атмосферата на планетата со проучување на светлината од ѕвездата која поминува низ атмосферата на планетата за време на транзитот.

Системот е релативно блиску до нас, на 21 светлинска година. Како за споредба, најблиската ѕвезда на Сонцето е оддалечена 3 светлински години, а следната е на 6 светлински години.

Втората планета во системот тежи 2.7 пати повеќе од Земјата и нејзината орбита изнесува 6.8 денови; наредната е 8.7 пати помасивна со орбита од 47 денови, а последната џиновска планета орбитира еднаш на секои 3 години.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.