Радиоактивната прашина која се наоѓа длабоко под океаните, сугерира дека Земјата минува низ масивен облак оставен од некоја експлодирана ѕвезда.
Во последните 33 000 години, Земјата изобилува со редок изотоп на железо кој се создава во суперновите.
Не е прв пат изотопот железо-60, да ја „запраши“ нашата планета. Но, тоа запрашување придонесува за се повеќе докази дека ваквото запрашување во тек – ние сè уште се движиме низ меѓуѕвезден облак од прашина што можеби потекнува од супернова која се случила пред милиони години.
Железо-60 е главната тема на повеќе студии низ годиниве. Тој има полупериод на распаѓање од 2,6 милиони години, што значи дека целосно се распаѓа по 15 милиони години – така што сите примероци пронајдени овде – на Земјата, мора да потекнуваат од друго место, бидејќи не постои начин железото-60 да опстане толку долго колку што е стара нашата планета (4,6 милијарди години).
А примероци од железо-60 се пронајдени на нашата планета. Нуклеарниот физичар Антон Волнер од Австралискиот национален универзитет, пронашол примероци на морското дно стари по 2,6 и 6 милиони години, што укажува на тоа дека остатоци од дамнешната супернова „паѓале“ на нашата планета во тоа време.
Но, има понови докази за оваа ѕвездена прашина – многу понови докази.
Пронајдени се на снег на Антарктикот, кој според доказите, не е постар од 20 години.
Исто така, пред неколку години, научниците објавија дека железо-60 е откриен во просторот околу Земјата, мерењата биле направени во период од 17 години, од страна на НАСА.
Во 2020 година, Валнер пронајде уште повеќе железо-60, во пет примероци од морски седименти стари 33 000 години земени од две различни локации. Исто така количините на железо-60 во примероците се скоро еднакви во текот на целиот временски период. Но, ова откритие всушност поставува повеќе прашања отколку што разјаснува.
Земјата во моментов се движи низ регионот наречен Локален Меѓуѕвезден Облак, составен од гас, прашина и плазма.
Ако овој облак е создаден од sвезди кои експлодираат, тогаш е разумно да се очекува дека тој ја „запрашува“ Земјата со многу слаб дожд од железо-60. Оваа претпоставка е потрекепена од откритиата на Антарктикот; и ова е она што Волнер и неговиот тим сакаа да го докажат со испитување на океанските седименти.
Но, ако Локалниот Меѓувезден Облак содржи железо-60, тогаш железото-60 требаше биде многу позастапено кога Сончевиот систем влезе во облакот – што, според податоците на тимот, веројатно се случило пред 33,000 години. Во најмала рака, најстариот примерок требаше да има значително пониско ниво на железо-60, но тоа не беше случајот.
Можно е, Локалниот Меѓувезден Облак и остатоците од суперновата да се совпаѓаат, со остатоците што останале во меѓуѕвездениот простор, кои биле создадени од суперновите што се случиле пред милиони години. Тоа би значел дека Локалниот меѓуѕвезден облак не е темен остаток од супернова.
„Има неодамнешни трудови кои сугерираат дека железото-60 заробено во честички од прашина може да е присутно во меѓуѕвездениот простор“, рече Волнер минатата година.
„Значи, железото-60 може да потекнува од уште постари супернови, а она што го мериме да е некакво ехо.
Најдобриот начин да се дознаеме, забележуваат истражувачите, е да се најдеме повеќе железо-60, и со тоа да го покриеме јазот од пред 40 000 години до пред околу милион години.
Ако железо-60 е поприсустно поназад во времето, тогаш то би значело само едно-антички супернови.
Но, поголемо изобилство понеодамна во времето би сугерирало дека Локалниот Меѓуѕвезден Облак е извор на железо-60.
Превод : Христијан Петрески
Извор : sciencealert.com