Огромен метеор блеснува над Бангкок

0

Снимен од неколку камери, блесок од огромен метеор беше виден утрото на 7-ми септември над Бангкок, Тајланд. Драматичниот настан се случил во 8:45 часот по локално време, кога објектот станал екстремно светол согорувајќи во горните слоеви на атмосферата. Некои извештаи тврдат дека бил проследен со експлозија, веројатно како резултат на неговата брзина. Сè уште не се пронајдени докази дека удрил на земјата, што значи дека се класифицира како метеор, наместо како метеорит.

Огромен метеор блеснува над Бангкок

На оваа фотографија јасно е видлив блесокот светлина од метеорот. Заслуги: RT/Porjai Jaturongkhakun

Во Земјината атмосфера често согоруваат објекти, иако вакви, кои светнуваат толку силно, се ретки. Овој метеор нè потсетува на Челјабинскиот метеор, кој прелета преку небото во Русија во февруари 2013-та година. Ударниот бран кој потекна од него, повреди стотици. За среќа, нема пријавени повреди од новозабележаниот метеор.

Во прилог подолу можете да видите снимки од метеорот во Бангкок:


Превод: Марина Димовска

Извор: IFL Science

Сподели.