Одредете го квалитетот на ноќното небо со броење на ѕвездите

0

Нашиот пријател Бобо Штромар, пред некој ден ги повика набљудувачите да помогнат околу одредувањето на квалитетот на ноќното небо. Според него, тоа се прави на доста интересен начин. Во прашање е всушност, меѓународен проект (детално на „Great World Wide Star Count“), кој за цел има да утврди како и колку со лошото осветлување се уништува погледот кон ѕвезденото небо.

Постапка

Според Штромар треба да се најде на небото соѕвездието Лебед, еден час по заоѓањето на Сонцето – се наоѓа високо во зенитот, сјајната ѕвезда Денеб која е лесно видлива од град, која личи на голем крст. Така, на небото треба да се побараат три истакнати ѕвезди: Денеб, Алтаир и Вега, кои го сочинуваат т.н. летен триаголник.

Одредете го квалитетот на ноќното небо со броење на ѕвездите

Тој ќе помогне полесно да се пронајде Лебед. Откако ќе се пронајде Лебед, тогаш може да се воочи една од седумте идни состојби на небото:

Маг 1: Се гледа само Вега, ниту една ѕвезда во Лебедовиот крст не се гледа;

Маг 2: Во споменатиот крст на Лебед, се гледа само Денеб;

Маг 3: Во крстот се гледаат четири ѕвезди;

Маг 4: Се гледаат сите шест ѕвезди на крстот;

Маг 5: Се гледаат шест мали ѕвезди кои на цртежот се во црвена елипса;

Маг 6: Се гледа „S“ во подрачјето означена со елипса;

Маг 7: Има толку ѕвезди, што не можат да се пребројат.

Акцијата траеше до крајот на октомври, но формуларот на Great World Wide Star Count ќе биде отворен до 15 ноември.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Астрономски Магазин

Сподели.