Мистериозниот облак кој некако преживеа блиска средба со супермасивна црна дупка е проучен.
Според новото истражување на објектот, кој е наречен Г2, тоа всушност се три џуџиња, обвиткани во густ облак од гас и прашина од која тие се создадени. Оваа интерпретација нуди многу уредно решение за прашањата кои останаа неодговорени откако G2 непречено помина низ Sgr A* – супермасивната црна дупка во срцето на Млечниот Пат – уште во 2014 година.
„Сугерираме дека набљудуваните објекти кои се обвиткани со прашина се остатоци од распаднато младо ѕвездено јато, чиешто формирање е започнато во границите на млечниот пат“, напишаа истражувачите во нивниот труд.
Г2 е откриен во 2011 година (опишан во студија објавена во 2012 година). Во тоа време, тој се движеше кон точката во неговата орбита во која е најблиску до црната дупка.
Астрономите очекуваа дека блиската средба ќе резултира со растргнување на Г2.
Фактот дека ништо не се случи подоцна беше наречено како „космички млаз“. Г2 се издолжуваше додека се доближуваше до црната дупка; потоа, се врати во покомпактна форма.
Друга вознемирувачка карактеристика на Г2 е тоа што е многу жежок, многу потопло отколку што треба да биде облак од прашина. Можно е Sgr A*, или други ѕвезди, да го загреале објектот, но температура останала иста без разлика каде се наоѓал. Ова сугерираше дека она што го загрева Г2 доаѓа од самиот облак, а не од надворешни влијанија.
И двете однесувања, открија астрономите, се поконзистентни со однесување на ѕвезда отколку на облак. Тим на истражувачи минатата година сугерираше дека облакот Г2 може да има скриена ѕвезда во себе – производ на судир меѓу две ѕвезди што создал огромен облак од гас и прашина околу нив.
Но, истата студија предвиде и уште четири слични објекти во галактичкиот центар, со што вкупниот број на Г објекти се искачи на шест. Тоа се многу споени бинарни ѕвезди.
Сега, тим на истражувачи предводени од астрофизичарот Флоријан Пајкер од Универзитетот во Келн во Германија, излезе со алтернативно објаснување, откако изврши детален преглед на 14-годишните набљудувања направени со инструментот SINFONI на Многу големиот телескоп (VLT).
Според нивната анализа, Г2 би требало да крие три ѕвезди, стари околу 1 милион години. Тоа е многу младо, за ѕвезди; наспроти тоа, Сонцето е старо 4,6 милијарди години. Ѕвездите Г2 се толку млади што сеуште би биле опкружени со материјал од облакот во кој се формирале.
„Дека Г2 всушност се состои од три млади ѕвезди што се развиваат е сензационално“, вели Пејкер, истакнувајќи дека откритието ги прави трите ѕвезди најмладите ѕвезди што некогаш биле забележани околу SgrA*.
Галактичкиот центар веќе има чудно јато на млади ѕвезди, познати како S-јато. Според моделот на тимот на Пејкер, ѕвездите на Г2 би можеле да припаѓаат на оваа популација.
Ѕвездите би можеле да потекнуваат од истиот ѕвезден „расадник“, формирајќи јато, кое оттогаш се растурило, при што поединечни ѕвезди се одвојуваат и орбитираат околу Sgr A*.
Дури и ако не се поврзани со S-јатото, Г2 ѕвездите веројатно биле дел од поголемо јато на ѕвезди во одреден момент. Други објекти кои орбитираат околу Sgr A*, исто така, би можеле да бидат членови на ова јато.
Бидејќи околината околу Sgr A* не се смета за погодна за формирање на ѕвезди, ќе биде потребна повеќе работа за да се открие од каде Г2 и другите Г објекти би можеле да потекнуваат. Астрономите можеби ќе можат да ги користат новите наоди за да дознаат повеќе за црните дупки.
„Новите резултати даваат уникатни сознанија за тоа како функционираат црните дупки“, вели Пејкер.
„Можеме да ја користиме околината на SgrA* како скица за дознавање повеќе за еволуцијата и процесите на другите галаксии во сосема различни делови од нашиот Универзум“.
Превод: Христијан Петрески
Извор: sciencealert.com