Месечината не очекува. По децении без ниту еден човек да стапне на нејзината површина, НАСА има планови за враќање на Месечината во блиската иднина. Како дел од програмата наречена Артемида, астронаутите ќе се вратат на месечината уште во 2024 (тоа беа првобитни планови но сега тоа е поместено за најрано 2027 година) со цел воспоставување на долготрајно човечко присуство.
За да живеат и работат на Месечината на астронаутите ќе им треба електрична енергија. И покрај големиот број на креативни решенија, веќе повеќе години НАСА смета дека нуклеарната фисија е најпрактичниот метод за снабдување со енергија. Сега агенцијата го прави првиот чекор во остварувањето на овој подвиг.
„Големото количество на енергија ќе биде клучно за иднината на истражувањата во вселената“ вели Џим Ројтер администратор при директоратот за вселенска технологија на НАСА.
По години на истражување на различните можности за лунарна нуклеарна фисија, НАСА започнува ново поглавје во соработка со Министерството за енергетика на САД.
Двете организации направија повик во потрага по партнери од индустријата кои би придонеле со концептуални дизајни за систем за снабдување со енергија преку нуклеарна фисија со способност за работа на површината на Месечината што би можел се лансира во оваа деценија.
Според НАСА, еден мал, лесен систем за фисија способен за работа на лунарен лендер или ровер би можел да создаде до 10 kW електрична енергија што би било доволно за да се задоволат барањата на неколку просечни домаќинства.
Во контекст на лунарните операции, искористувањето на електричната енергија би било различно во однос на потребите кај домаќинствата на Земјата. Меѓу главните потрошувачи на електрична енергија секако ќе бидат системите за одржување на животот, роверите и научните експерименти.
Според НАСА и Министерството за енергетика идните системи би требало да произведуваат до 40 kW енергија што е еквивалентно на снабдување на 30 домаќинства со електрична енергија цели десет години.
Со овие нивоа на производство не само што би се овозможило констинуирано лунарно присуство туку и истражување и колонизација на Марс.
Всушност денешните истражувња на НАСА може да помогнат и во развојот на млазни погони напојувани од нуклеарна фисија кои би го скратиле потребното време за пат до црвената планета.
НАСА и Минситерството за енергетика ќе ги изберат најветувачките дизајни доставени од сега до Фебруари 2022 по што ќе помогнат во остварувањето на овие концепти во период од 12 месеци.
По проценката на проектите, она што ќе го научат истражувачите ќе се примени кај дизајнирањето и изградбата на еден финален систем кој ќе се лансира на Месечината можеби и во оваа деценија.
Со тоа би се направил првиот чекор во поставувањето на првата месечева енергетска мрежа, додека човечката база на операции во вселената ќе биде на едно ниво над се досега.
„Коментарите и енузијазмот кој сè уште ги гледаме за нуклеарните енергетски системи во вселената е многу возбудлив“ вели постариот инженер Себастиан Корбисиеро водачот на проектот при Министерството за енергетикана САД. „Обезбедувањето на сигурен, моќен енергетски систем на површината на Месечината е наредниот чекор во истражувањето на вселената од страна на човештвото. Подвиг кој ни е на дофат.“
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: sciencealert.com