Новооткриена планета има три сонца

0
Новооткриена планета има три сонца

Уметнички приказ кој покажува една планета со троен систем од ѕвезди, HD 131399. Планетата е наречена HD 131399Ab и е покажана десно лево на сликата. Се наоѓа на 340 светлински години од Земјата во соѕвездието Кентаур и е стара околу 16 милиони години, со што е и една од најмладите егзопланети кои досега биле откриени и една од ретките кои се директно фотографирани. Со температура од околу 580 Целзиусови степени, таа е и една од најстудените и најмалку масивни планети. Извор: ESO

Ако ви се чинеше дека Татуин, на Лук Скајвокер, со своите две сонца, е чудесен свет, тогаш замислете каква е новооткриената планета која орбитира околу троен систем од ѕвезди. Обидете се да ја замислите глетката на постојан ден, или пак три изгрејсонца и зајдисонца дневно. Овој свет беше откриен од страна на Универзитот на Аризона во Таксон преку директна снимка. Планетата HD 131399Ab не е како ниту еден друг свет кој го познаваме. Нејзината орбита е рекордно широка.

Планетата се наоѓа на околу 340 светлински години од Земјата, во соѕвездието Кентаур, и се верува дека има старост од околу 16 милиони години, што воедно ја прави и една од најмладите откриени егзопланети и една од ретките кои се директно фотографирани. Со температура од околу 580 Целзиусови степени и маса околу четири пати поголема маса од Јупитер, оваа е исто така и една од најладните и најмалку масивни директно фотографирани планети.

Новооткриена планета има три сонца

Графички приказ на орбитата на планетата, означена со црвената линија. Со сино се орбитите на ѕвездите Извор: ESO

Во текот на околу половина од орбитата на планетата, што е период од 550 години, видливи се трите ѕвезди на небото, со тоа што побледите две се секогаш позближени една до друга. Со текот на орбитата ѕвездите се оддалечуваат и доаѓаат до точка кога заоѓањето на една од нив е исто со изгревањето на друга, со што планетата запаѓа во фаза на речиси постојан светол ден.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.