Според новото истражување од Универзитет на Централна Флорида (УЦФ – UCF) во Орландо, причината поради која Плутон го изгуби својот статус на планета не е валидна.
Во 2006 година, Интернационалната Астрономска Унија (ИАУ – IAU), глобална група од астрономски експерти, основаше дефиниција за планета која опфаќаше истата да има „чиста“ орбита, или со други зборови, да има најголема гравитациона сила во нејзината орбита.
Бидејќи гравитацијата на Нептун влијае врз соседната планета Плутон и бидејќи Плутон ја дели својата орбита со замрзнати гасови и други објекти во Кујперскиот појас, тоа значеше дека Плутон го изгуби својот статус на планета. Сепак, во новото истражување објавено онлајн во весникот Икар, планетарниот научник Филип Мецгер од УЦФ, кој заедно со Универзитетскиот Вселенски Институт во Флорида, изјави дека овој стандард за класификација на планети не е подржан во литературата на истражувања.
Мецгер, кој е водечки автор на истражувањето, разгледуваше научна литература од последните 200 години и најде само едно објавување – од 1802 година – што го користи барањето за чистење на орбита при класифицирање на планети и истото се заснова на оттогаш неосновано размислување.
Тој вели дека планетарните научници, сателитите како Титан (природен сателит на Сатурн) и Европа (природен сателит на Јупитер) ги нарекувале планети уште од времето на Галилео.
„Дефиницијата на ИАУ би вели дека фундаменталниот објект на планетарната наука, планетата треба да биде дефинирана во основата на концепт што никој не го користи во своите истражувања.“ вели Мецгер. „И тоа би ја изоставило втората најкомплексна, интересна планета во нашиот Сончев Систем.“
„Ние сега имаме листа од над 100 скорешни примери за планетарни научници кои го користат зборот планета на начин кој не е соодветен со дефиницијата на ИАУ, но тие го користат тоа бидејќи е функционално,“ рече тој. „Тоа е неумешна дефиниција,“ вели Мецгер во врска со дефиницијата на ИАУ. „Тие не нагласија што мислат под поимот чистење на орбита. Ако го сфатиме тоа во буквална смисла, тогаш планетите не постојат, бидејќи ниту една планета не ја чисти својата орбита.“
Планетарниот научник рече дека прегледот на литературата покажал дека вистинската поделба помеѓу планетите и другите небесни тела, како што се астероидите, се случил во раните 1950-ти кога Џералд Кујпер објавил статија која направила разлика базирана на тоа како истите биле формирани.
Сепак, дури и оваа причина веќе не се смета како фактор што одредува дали некое небесно тело е планета, вели Мецгер.
Коавторот на истражувањето Кирби Ранјон од Лабораторијата за применета физика при Универзитетот Џонс Хопкинс во Лорел, Мериленд, рече дека дефиницијата на ИАУ беше погрешна бидејќи прегледот на литературата покажа дека чистењето на орбити не е стандард што се користи за разликување на астероиди од планети, како што тврдеше ИАУ кога ја создаваше дефиницијата за планети во 2006 година. „Ние покажавме дека ова е лажно историско тврдење,“ вели Ранјон. „Оттука, погрешно е истото размислување да се примени врз Плутон.“
Мецгер изјави дека дефиницијата за планета треба да се заснова на нејзините вродени особини, наместо оние кои можат да се менуваат, како динамиката на орбитата на една планета. „Динамиката не е константна, постојано се менува,“ вели Мецгер. „Па, таа не е фундаментален опис на некое тело, таа е само состојба на тоа тело во моменталната ера.“
Наместо тоа, Мецгер предлага класифицирањето на планетите да се заснова на тоа дали планетата е доволно голема така што нејзината гравитација може да дозволи истата и има облик на сфера.
„И ова не е само произволна дефиниција,“ вели Мецгер. „Произлегува дека ова е важна пресвртница во еволуцијата на едно планетарно тело, бидејќи наводно кога ќе се случи, се поттикнува активната геологија на тоа тело. На пример, Плутон има подземни океани, повеќеслојна атмосфера, органски соединенија, докази за древни езера и повеќе сателити.“
„Тој е подинамичен и жив во споредна со Марс,“ изјави Мецгер. „Единствената планета која има посложена геологија од Земјата“
Превод: Теодор Ангеловски
Извор: Phys.org